Мицкоски: Процесот на проширување на ЕУ е жив, наша цел е да испорачаме реформи, но и да го сочуваме националното достоинство

Премиерот Христијан Мицкоски денеска пред почетоткот на работниот дел на самитот Европска Унија - Западен Балкан во Тиват, изјави дека на средбата со германскиот канцелар Фридрих Мерц разговарале и за нон пејперот на Германија и Франција во кој се предлага постепена интеграција на Западен Балкан во ЕУ пред полноправното членство.
- Имавме билатерална средба со канцеларот Мерц, разговаравме и на таа тема. Имаме ние свој инпут во сето тоа и свое мислење, што го пренесовме. Подетално ќе разговараме за време на работниот дел на самитот. Така што да бидеме трпеливи, сепак, ова се моменти кога практично ЕУ односно Европскиот совет јасно кажува дека процесот на проширување останува жив, рече Мицкоски.
Она што е задача на македоонската Влата, како што наведе, е „да го зачува тој процес, да напредуваме, но истовремено да не го загубиме достоинството како што тоа беше пример во изминатите децении кога станува збор за нашите македонски аспирации за членство во ЕУ“.
- Наша цел е да станеме држава која испорачува најмогу реформи, истовремено да останеме фокусирани на проширувањето и да го сочуваме националното достоинство, рече Мицкоски.
Нагласи дека е исклучително задоволен од средбата со Мерц, со кого, како што посочи, се знаат од состанците на Европската народна партија, но ова им е прв состанок меѓу два премиери.
- Јас сум исклучително задоволоен од состанокот со Мерц, како и од она што го разговаравме на состанокот со францускиот претседател (Емануел) Макрон на работната вечера, како и со претседателката на ЕК Урсула Фон дер Лајен. Да, се разбира дека уставните измени што ги прифати претходната влада, беа тема на состаноците. Нашиот став е дека ние заслужуваме многу повеќе од просечни политички медиокритети како што беше претходната влада да ни ја креираат европската судбина. Мислам дека голем дел од земјите членки на ЕУ тоа го разбираат. Процесот на проширување и жив и добро е што таа порака денеска лидерите на земји членки на ЕУ ја испраќаат, изјави премиерот Христијан Мицкоски.
МИА
Ново на Сител
-

Претставничкиот дом на САД одобри рекордни 1,15 трилиони долари за одбраната
-

На ГП „Богородица“ за излез од државата се чека 15 минути
-

Агент поврзан со случајот „Епстин“ пронајден мртов во стан во Париз
-

САД започнаа нови напади врз воени цели во Иран 12-та ноќ по ред
-

Сончево со локална облачност и температура до 34 степени
-

Франција регистрираше над 5.700 дополнителни смртни случаи за време на јунскиот топлотен бран
-

Ветерот го однесе знамето на Македонија од јарболот во центарот на Куманово, ќе биде поставено ново
-

Просечната нето плата во мај 49.544 денари
