Мицкоски: Реконструиран дел од локалниот пат Драчево – мотел „Китка“, се создават услови за локален развој

Реконструиран е дел од локалниот пат Драчево – мотел „Китка“. Со вкупна должина од 6,42 километри и ширина на коловозот од 3,5 метри, патот доби стабилна, функционална и долготрајна сообраќајна инфраструктура, објави денеска на социјалните мрежи премиерот Христијан Мицкоски, во делот „Проекти за трајна промена - темели за сигурна иднина“.
- Проектот опфати поставување нов асфалтен слој со дебелина од осум сантиметри, уредување на банкини од двете страни на коловозот, изградба на армирано-бетонски пропусти и потпорни ѕидови, како и оформување отворени канали, риголи, тротоари и ивичници на клучните делови од трасата, објави премиерот.
Се работи за инвестицијата во износ од 63.537.537 денари, обезбедена од Владата преку Министерството за транспорт.
- Овој проект има значајно влијание врз подобрувањето на руралната поврзаност, олеснување на секојдневниот транспорт и создавање услови за локален развој, наведува премиерот на Фејсбук.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Гордан Јорданов, Обединета македонска дијаспора
-

Интензивни преговори за владината реконструкција - конечна одлука во вторник
-

Сејф сити не ги санкционира возачите кои имаат возила со странски таблички
-

Сезонски работник од Бангладеш хоспитализиран на инфективна со денга вирус
-

Државата прогласува кризна состојба поради пожарите - се воведуваат ригорозни забрани и надзор со дронови
-

„Везилка“ ќе ги даде првите резултати уште ова лето
-

На македонските откупувачи не им требала домашната пченица - што ќе се случува со годинешната реколта?
-

Неопходно е посебно тело да управува со езерото
