Мицкоски: Скандалозна е одлуката на Обвинителството за случајот со модуларните болници

За случајот со пожарот во модуларната болница во Тетово, каде што изгореа 14 луѓе, секогаш може да се најдат нови докази и тој повторно да стане актуелен - изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски во врска со вчера објавената инфомација дека нема кривично дело што би произлегло од јавните набавки за 19-те модуларни болници. Мицкоски со жалење повтори дека шефот на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) и луѓето што го воделе овој случај не најдоа докази за сторено кривично дело во случајот во кој живи гореа 14 луѓе. Одлуката на Обвинителството за него е скандалозна.
- Ова е процес што трае веќе пет години, процес што изминатите пет години околу себе мобилизира разни информации, но она што е исто така значајно да се напомене е дека во модуларната болница во Тетово живи гореа 14 луѓе. Ќе повторам, живи гореа 14 луѓе во модуларната болница во Тетово. За жал, обвинителот, кој е во заминување, колку што сум информиран, распишане е оглас за избор на нов обвинител во ОЈО ГОКК, претпоставувам своите должничко-доверителски односи кон претходната влада одлучува до крај да ги испорача и не му значи тоа што живи гореа 14 луѓе и одлучува овој процес да го стопира - рече Мицкоски.
Премиерот истакна дека сака јавноста да знае дека ова не е политичка амнестија „на овој обвинител кон поранешните негови наредбодавци бидејќи секогаш може да се појават нови детали кои се поврзани со овој процес и секогаш овој процес може да стане актуелен и да почне од почеток“.
- За жал, една од тие скандалозни одлуки е и оваа. Она што мене ме збунува, а стига како порака од опозицијата, е до вчера оние што критикуваа за односот на правосудните органи сега ги фалат и се полни со хвалоспели за нивната работа и т.н. објективност, но ќе повторам - овој обвинител и луѓето што го водеа овој случај не најдоа докази за сторено кривично дело во случајот во кој живи гореа 14 луѓе - рече премиерот Мицкоски.
ОЈО ГОКК, по извршените проверки и анализа на прибраната документација, оцени дека не постојат основи на сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластувањето од член 353 од Кривичниот законик, ниту за друго кривично дело што се гони по службена должност, во врска со јавните набавки за изградба на 19 модуларни болници.
Предметот беше оформен на 10 септември 2021 година по иницијатива на ОЈО ГОКК со цел да се провери документацијата поврзана со набавката и да се утврди дали при нејзиното спроведување постојат елементи на кривично дело.
МИА
Ново на Сител
-

Вработени во ССМ обвинуваат за мобинг и незаконски отказ
-

ПЕТ-скенот повторно во функција, ќе се снимаат по десет пациенти дневно
-

Како да се користи веб апликацијата со мобилен интерфејс „Безбеден Град“ за странските државјани?
-

43 заразени со западнонилска треска, вирусот првпат потврден во Центар и Чаир и кај мртов гарван во Скопје
-

Мицкоски: Абази го спаси Филипче, но предметот може повторно да биде отворен
-

Казните од Безбеден град странските државјани може да ги плаќаат електронски
-

Охридско лето – 40 дена фестивалска магија
-

Хаварисаните и нерегистрирани возила во Штип под инспекциска лупа
