Македонија
4. September 2026 - 16:53

Мицкоски со критики до опозицијата - имаат тотално непознавање на економијата

Задолжувањето од 1,3 милијарди евра го нема во ребалансот на буџетот, затоа што е планирано за следната година- за враќање стари доолгови кои СДСМ ги направи. Ги нема и 350те милиони евра од Јавното претпријатие за државни патишта, бидејќи јавно претпријатие не е држввна институција и неговиот долг не влегува во буџететот.

По министерката за финансии, денеска и премиерот Мицкоски вчарашните обвинувања на опозицијата ги нарече небулозни и тотолно непознавање на економијата.

-Првата теза беше зошто не биле запишани оние заеми коишто Државното јавно претпријатие за државни патишта ги зема, затоа што тие не влегуваат во јавниот долг — и тоа треба да го знаат, затоа што има Закон за јавен долг и тие заеми се рамковни, односно во зависност од тоа како се напредува на терен и како се завршуваат активностите, така се испорачуваат фактури, така се повлекуваат заеми и така се плаќаат. И втората теза — зошто онаа одлука на Владата од 31 август за задолжување на меѓународниот пазар не била предвидена во ребалансот на Буџетот, затоа што таа е да се издаде еврообврзница во следната година за да можеме да ги вратиме нивните долгови, коишто го крадеа народот и ги празнеа буквално институциите и министерствата. За да можеме да ја вратиме обврзницата којашто тие ја земаа во корона-кризата, изјави Христијан Мицкоски, премиер.

Вчера лидерот на  опозицијата Филипче јавно ги праша Мицксоки и Кочоска зошто ги кријат задолжувањата и како за 2 години успеалае за го зголеми долгот за 4 милијарди евра. Од  наследените 8 милијарди  во нивниот мандат, сега долгот, со планираните задолжувања ќе достигне  12 милијарди евра.

Бројките министеркат за Финансии ги нарече весела матаматика,  а  напорите кои ги прави власта на економски план – стануваат видливи. Расте економијата , индустриското  производство , а инфлацијата  се стабилизира. Со вакви бројки, нашата економија е меѓу најдобрите во Европа.

Вчера државата статистика обајви дека растот на БДП во 2 квартал годинава изнесува 4,3 отсто, а главниот двигател се инвестициите, пред се во градежништвото.