Мицкоски: Состојбата со нафтата и нафтените деривати е добра, имаме најевтини горива во регинот

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека државата нема какви било предизвици во синџирот на снабдување со нафта и нафтени деривати и оти имаме најевтини горива во регионот потенцирајќи дека со керозин кај нас се снабдуваат неколку аеродроми од регионот, покрај набавката на горива што ја прават граѓаните од соседните држави кај нас на бензинските станици на пограничните места.
Доколку се случи таков предизвик, рече денеска Мицкоски, тогаш навремено ќе се препакуваме и ќе подготвиме нова стратегија.
- Состојбата со нафтата и нафетните деривати - дизел-горивата, безоловните бензини, керозинот... се во исклучително добра состојба. Како држава во овој момент не гледаме какви било предизвици во синџирот на снабдување. Во постојана координација сме со снабдувачите. Од тој аспект не гледаме опасност и за нашите граѓаните и за бизнисите. Има доволно количини во државните резерви, но и во цевководот што го поврзува Солунското пристаниште со рафинеријата „Окта“, кој е веќе функционален и оперативен - изјави Мицкоски по присуството на поставување камен-темелник за доградба на ООУ „Страшо Пинџур“ во Ѓорче Петров.
Не само што имаме доволно количини за нашите граѓани и бизниси, посочи премиерот, туку зголемена е и потрошувачката, во одредени денови и за 30 проценти, поради тоа што многумина од граѓаните од соседните држави доаѓаат кај нас и точат гориво. Притисокот е најголем на северната, јужната и на западната граница затоа што кај нас се убидливо најевтини и дизелот и безоловните горива - рече Мицкоски посочувајќи дека цената на дизел-горивото кај нас е пониска за над 0,6 евра за литар во однос на таа кај нашиот јужен сосед, а во однос на таа во Србија за 0,3 евра за литар.
- Исто така, со керозинот што го извезуваме, неколку аеродроми добиваат керозин, како што е приштинскиот и некои други, така што во овој момент факт број еден е дека граѓаните кај нас користат најевтини горива во регионот и факт број два - имаме доволно количини и сега засега не гледаме никаков предизвик поврзан со недостиг. Доколку се случи таков предизвик, тогаш навремено ќе се препакуваме и ќе спремиме нова стратегија - изјави Мицкоски.
Прашан дали се размислува за ограничување за точење гориво во пограничните места, повтори дека засега сме стабилни и оти не гледа предизвици од аспект на недостиг на горива.
- Од онаа Македонија што коленичеше и молеше наоколу во светот и праваше естрада кога ќе добиеше донација во вакцини и неколку пакети завои, сега сме држава што рефрелктира стабилност во регионот и е место каде што граѓаните на соседните држави гледаат да го одржат својот животен стандард. Ние се задоволни затоа што политките на оваа Влада, која речиси две години се справува со поседиците од криминалното, предавничкото и уништувачкото управување со владата на коалицијата СДСМ и ДУИ, полека, но сигурно, доаѓаат до крајот, односно полека, но сигурно, го стаблизираме системот. Ние сега се радуваме на состојба нула бидејќи бевме длабоко во минус. Предизвиците изминатите две години беа жестоки, ќе бидат и понатаму исто така пожестоки, глобалните предизвици се исто така големи, но сега засега можам да кажам дека сме стабилни и предизвици од аспект на недостиг на бензини и дизел-гориво немаме - рече Мицкоски.
МИА
Ново на Сител
-

Внимавајте: МВР и ROADPOL со засилени контроли на патиштата викендов | ВИДЕО
-

СВР Битола лиши од слобода две лица за подметнување пожари на отворен простор
-

Ангелов: Активни се два пожара на отворен простор, состојбата со водата во Гостивар се подобрува
-

Левица: 25 години Карпалак - 25 години без правда за бранителите
-

Мисајловски за 25-годишнината од загинувањето на бранителите кај Карпалак: Нивната верба во татковината е наша водилка да продолжиме да ги чуваме националните интереси
-

Земјава повторно на грчката листата на држави со привилегиран даночен режим
-

Снимките открија трет учесник во сообраќајката кај Радишани – избегал од местото, па бил приведен
-

Во Албанија се запали комбе со македонски регистарски таблички кое превезувало пилиња
