Мицкоски: Трагедиите не смеат да останат без одговори, општеството има право да ја знае вистината - им го должиме тоа на жртвите

Премиерот Христијан Мицкоски во обраќањето на „Меѓународната конференција за институционалните и клиничките аспекти и решенија по пожарот во Кочани“, нагласи дека покрај грижата за повредените и поддршката за семејствата, трагедијата во Кочани отвори и едно друго, подеднакво важно прашање - прашањето за одговорноста, истакнувајќи дека во едно демократско општество, трагедиите не смеат да останат без одговори и оти општеството има право да ја знае вистината.
- Семејствата имаат право да знаат како се случила трагедијата. А институциите имаат должност да обезбедат правда. Токму затоа, веднаш по трагедијата започна процес на институционално утврдување на фактите и на одговорноста. Овој процес мора да биде темелен, професионален и ослободен од било каков притисок. Во прашање се човечки животи, а во такви ситуации институциите мора да работат со највисоко ниво на сериозност и интегритет. Правдата не е прашање на политика. Таа е прашање на доверба во институциите. Кога трагедија од ваков размер ќе се случи, државата има обврска да покаже дека системот функционира, дека пропустите се утврдуваат и дека одговорноста се презема, посочи Мицкоски.
Но, одговорноста, додаде премиерот, има и поширока димензија и дека трагедиите често откриваат слабости во системите.
- Тие покажуваат каде институциите мора да се подобрат, каде процедурите мора да се зајакнат и каде безбедносните стандарди мора да се подигнат на повисоко ниво. Затоа, покрај правните постапки, трагедијата во Кочани отвори и процес на институционално преиспитување. Државата има обврска да ја бара вистината и да ја обезбеди правдата. Тоа го должиме на жртвите. Тоа го должиме на нивните семејства. Но, тоа го должиме и на идните генерации. Затоа институциите ќе продолжат да работат на целосно утврдување на сите околности поврзани со трагедијата, со цел правдата да биде постигната, а довербата во институциите да биде зајакната. Само преку вистина, одговорност и институционално учење, едно општество може да стане посилно по трагедија, потенцира премиерот.
Мицкоски кажа дека една трагедија никогаш не завршува со денот кога се случила.
- За семејствата, таа продолжува секој ден. Таа продолжува во празните столови на трпезата. Во тишината на домот. Во секое утро кога човек се буди со споменот на најтешката загуба. Затоа, од првиот ден, Владата донесе јасна одлука: државата нема да биде присутна само во моментот на трагедијата. Државата ќе биде присутна и во годините што следуваат. И затоа сакам денес јасно да кажам: државата ќе продолжи да стои покрај овие семејства. Затоа што зад секоја институционална одлука стои едно едноставно убедување: човечкото достоинство мора да биде центарот на секоја јавна политика, посочи премиерот на Конференцијата што се одржува денеска во Скопје.
На конференцијата учествуваат високи државни претставници, меѓународни експерти и водечки медицински професионалци од регионот и Европа. Конференцијата завршува со презентација на министерот за здравство Азир Алиу за националните решенија, доделување благодарници на здравствените установи и официјално обраќање на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.
МИА
Ново на Сител
-

Над 1500 луѓе загинаа во Иран во текот на првите три недели од војната, соопштија иранските власти
-

ВО ЖИВО: Вонредна прес-конференција на премиерот Христијан Мицкоски
-

Ормускaтa Tеснина останува отворена за сите освен за бродови поврзани со непријателите, тврди ирански претставник
-

Владата подготвува итни мерки: Со даночна интервенција ќе се спречи нов ценовен шок на горивата
-

Зеленски: Разговорите со американските претставници ќе продолжат денеска
-

Министрите на земјите од Г7 се подготвени да дејствуваат за заштита на глобалните испораки на енергенси
-

Велика Британија соопшти дека нејзините бази на Кипар нема да се користат за воени операции против Иран
-

Словенечката влада го ограничи точењето гориво на 50 литри за физички лица и 200 литри за правни лица
