Мицкоски: Високо образование на мајчин јазик е неспорно, македонскиот е официјален јазик во правосудниот систем

Ставот на Владата е дека писмениот дел од правосудниот испит треба да се полага на јазикот на кој е завршено високото образование, додека усниот дел, во кој се симулираат граѓански и кривичен спор, треба да се одвива на македонски јазик, како официјален јазик во правосудниот систем во земјава, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски.
Одговарајќи на новинарско прашање за барањата на студентите за полагање на правосудниот испит на албански јазик и за нивните реакции на понуденото решение, Мицкоски рече дека правото на високо образование на мајчин јазик не е спорно, но оти треба да се прави разлика меѓу образованието и функционирањето на правосудниот систем.
-Не знам јас процентите кои се и како ги пресметуваат таму. Ставот на Владата е јасен. Правосудниот систем во Македонија е едно, а правото да се завршува високото образование на мајчин јазик е друго. Така што, никој не го спори правото да се заврши високо образование на јазик на којшто државата го овозможила, рече Мицкоски на настанот за промоција на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила.
Тој посочи дека високото образование на правните факултети во земјава се одвива и на три јазици различни од македонскиот, поради што, според него, писмениот дел од правосудниот испит треба да се полага на јазикот на кој е завршено образованието.
-И за нас како Влада, тоа сум го зборувал многу пати во минатото, е логично писмениот дел да се полага на тој јазик на којшто е формирано високото образование, додека усниот дел, каде што се симулираат еден граѓански и еден кривичен спор, бидејќи тоа претставува симулација пред правосудниот систем, тоа значи право, односно подразбира правдина - изјави премиерот.
Мицкоски нагласи дека во правосудниот систем треба да се почитува принципот франка лингва, односно употребата на еден заеднички јазик, кој, како што нагласи, во Македонија е македонскиот.
Тој се повика и на препораката на Венециската комисија во врска со Законот за употреба на јазиците, посочувајќи дека треба да се почитуваат мислењата на меѓународните институции.
-Така што, правосудниот систем во Македонија останува франка лингва, односно македонскиот јазик е официјалниот - рече Мицкоски.
МИА
Ново на Сител
-

НАТО ќе го засили надзорот во Црното Море
-

Венс не го поддржа Нетанјаху на претстојните избори
-

Димитриеска-Кочоска: Продолжува мерката за намалено ДДВ за дизелот и акцизата до 2 ноември 2026 година
-

По децении запуштеност, конечно ќе се реконструира спортската сала „Македонија“ во Прилеп
-

Маж следел, па потоа допирал по телото 22-годишна девојка во Карпош
-

17-годишник со нож повредил 15-годишник на Бит Пазар
-

Тешко повредено шестгодишно дете кое се возело како сопатник на тротинет откако во нив удрил автомобил
-

Франција ги продолжи полициските часови за да ги смири немирите и грабежите
