Мицкоски: Владата не сака репресивни мерки, но дел од маркетите не се корегираат, ќе има законски измени

Во првиот квартал од годинава се очекува да бидат поднесени до Парламентот законските измени со кои ќе се зголемат глобите за оние трговски ланци кои не ги почитуваат одредбите од Законот за нефер трговски практики во кој сега максималната глоба е 20.000 евра.
-Како Влада не сме љубители веднаш на репресивни мерки и секогаш во моите изјави се обидувам да испратам порака до тие кои се однесуват незрело, неодговорно и лакомо. На тој начин не може да се води бизнис - кога само едната страна добива. Тие сакаат да водат бизнис, тие да добиваат, а граѓаните да губат. Во овој случај, неколку ланци на маркети добиваат и бидејќи гледам дека сите наши апели не стигнуваат и се обидуваат да ги видоизменат тие нефер трговски пракси, тоа внимателно го документираме и следиме. Кога ќе бидеме целосно подготвени, а тоа мислам дека ќе биде наскоро, ќе преземеме жестоки мерки, изјави премиерот при денешното пуштање во употреба на градинка во Сопиште.
Дали тие маркети се дел од ланецот маркети за кои беше утврдено дека квартално се здружувале, За тој случај што го утврди Комисијата за заштита од конкуренција, премиерот рече дека тоа е случај од минатата власт на СДСМ и ДУИ и дека оваа Влада само го процесуирала.
-Тоа е рецидив од претходната Влада на СДСМ и ДУИ, оваа Влада само го процесуираше. Седел во фиока и оваа Влада го ефектуираше. Однесувањето на оваа Влада е да има порака на опомена. Гледаме дека тие два-три ланци на маркети не се корегираат и ако не можат да ја препознаат пораката и главен интерес им е профитот на сметка на граѓаните, тогаш како Влада немаме други опции за да ги заштитиме граѓаните, рече Мицкоски.
МИА
Ново на Сител
-

„Ладна Вода“ нов партнер на македонските фудбалски репрезентации
-

Собрани три тона отпад во акција за чистење на булеварот „Борис Трајковски“
-

Јаневска: Ранг-листите за студентските домови се јавно објавени, тврдењата за нивно криење се дезинформации
-

Јавните обвинителства лани поднеле 334 повеќе обвиненија во споредба со 2024
-

Савески: Еден обвинител работи за тројца, но квалитетот на одлуките не е нарушен
-

74-годишен маж нападнат од неговиот син во Виница
-

Се скарале, па истурил врело кафе врз сопругата - уапсен 52-годишник од гостиварско
-

16,7 милиони денари префрлени за наводна набавка на пилешки нозе – Финансиската полиција откри шема
