Мицкоски во Брисел на средба со Герт Јан Копман, во фокус европската перспектива на Македонија и реформите

Премиерот Христијан Мицкоски, денеска, во Брисел, оствари средба со Герт Јан Копман, генерален директор на Генералниот директорат за проширување и источно соседство при Европската комисија.
Во фокусот на разговорите, како што напиша Мицкоски во објава на „Фејсбук“, биле европската перспектива на Македонија, напредокот во реформските процеси и следните чекори во пристапувањето кон Европската Унија.

- Нашата определба за членство во Европската Унија е јасна и недвосмислена. Македонија заслужува европска иднина, заснована на принципиелни односи, почитување и заштита на националните интереси, како и доследно спроведување на реформите во интерес на граѓаните, напиша Мицкоски.

Премиерот посочи дека Владата продолжува со активностите за исполнување на реформската агенда и спроведување на политиките насочени кон европска интеграција.
- Продолжуваме со посветена работа, исполнување на реформската агенда, одговорна политика и јасна визија за европска, стабилна и просперитетна Македонија, истакна премиерот Мицкоски.
МИА
Ново на Сител
-

Шасивари: Нулта толеранција за насилството врз жените
-

Закани за скопски кошаркар: Порака го чекала на автомобилот во подземна гаража
-

Бугарија доби повик за помош од товарен брод што тоне во Црното Море
-

Кражба во Визбегово, украдени злато, пари и возило на МЕПСО
-

Скопјанец на Бит Пазар физички нападнал сосед и неговата малолетна внука, им се заканувал со остри предмети
-

По повеќечасовна потрага, пронајден планинарот кој исчезна во Мариово
-

Лукаку ја заврши репрезентативната кариера
-

20-годишна добитничка на лотарија одби еднократна исплата од 1 милион долари – избра да добива по 1.000 долари неделно до крајот на животот
