Мицкоски: Во транзицијата од многумина сиромашни, малкумина станаа екстремно богати, затоа има разочарување и иселување

За време на периодот на транзицијата во земјава од многумина сиромашни видовме како малкумина станаа екстремно богати и затоа има големо разочарување и иселување, истакна премиерот Христијан Мицкоски во гостувањето во „Македонија наутро“ на МРТ. Сепак, порача дека ќе дојде време кога младите што заминале од Македонија од разни причини, ќе се враќаат дома, а борбата треба да се водиме тука затоа што, како што посочи, само дома си е дома.
Мицкоски рече дека кога државата стануваше независна, кога се одвојуваше од поранешната федерација, генерациите кои сонувале за независна македонска држава, дел од нив и нивните родители тоа со живот го платиле, дел од нив завршиле во тогашните југословенски затвори затоа што имале напредни, прогресивни, промакедонски идеи и сето тоа оставило трага во македонскиот идентитет и во колективната меморија.
- Кога се случи независноста дојде транзицијата кога брутално општествениот капитал се трансформираше во приватен капитал и кога од многумина еднакви, станаа малкумина екстремно богати. Тоа остана во таа колективна меморија, голем број од нашите родители преку ноќ ја губеа својата работа, доаѓаа дома со изневерени очекувања, полни со разочарувања, со поглед кон иднината што тоа време беше неизвесен и не ја исклучувам можноста дека голем дел од нив ги советувале своите деца, така разочарани, да својата среќа ја бараат некаде надвор, вели премиерот Мицкоски.
Посочи дека потоа дојде новата генерација со поинакви предизвици, но во тоа време тие кои ја водеа државата се водеа претежно од своите лични интереси и на тој начин дополнително ги разочаруваа тие генерации.
- Сето тоа е би рекол еден мозаик на случувања кои останале врежани во колективната свест и не секој тоа може да го прифати онака како што треба да го прифати, свесно трезвено и да се бори со тие предизвици. Некои за жал одлучија да заминат надвор, дел од нив останаа таму, некои има и такви примери се враќаат дома. Дел од младите мислат денеска дека веднаш таму каде ќе отидат ќе станат луѓе кои се многу успешни преку ноќ, дека тоа така ќе биде инстантно, но кога ќе се соочат со вистинската реалност тогаш сфаќаат дека се маргиналци во тие општества, потенцираше премиерот.
Во тој контекст, упати порака дека колку и да е тешко, колку и да тие сеќавања, колку таа колективна меморија од минатото да притиска, да ние сме научени како народ да се бориме и треба од дома да се бориме за себе пред сè, за своето семејство и нормално за својата татковина.
- Мораме повторно да ја создадеме онаа припадност кон татковината, кон идентитетот. Јас знам дека имало многу разочарувања поради исплакнати луѓе кои ја воделе државата, но тоа мораме да го надминеме, затоа што ние сме една од најмалкубројните нации во Европа и единствениот начин да успееме е ако ги почитуваме тие вредности. Ако не ги почитуваме тие вредности јас се плашам дека некоја идна наша генерација ќе се соочува со предизвикот за опстанок и дали воопшто ќе постоиме, изјави Мицкоски.
Тој нагласи дека Владата работи на целосна стратегија за младите и тоа е еден од врвните приоритети и не само за тоа туку и за формирањето семејство, за поддршката за родителите. Се планираа планира ситимулации за зголемување на наталитетот, задржување и враќање на младите во земјава
Станува збор за мерки за ослободување мајките од данок – за првото дете во период од една година, за второ дете од две години и за трето дете сè додека не стане полнолетно.
Според него треба да се работи и промена на менталитетот на младите.
- Мора да работиме на менталниот склоп на младите дека семејството не е како што тоа го излучуваа во последните години – јас тато и мама, туку јас дада, бато, тато и мама, вели Мицкоски.
Посочи дека од 22 – 23 илјади деца родени годишно, по 2017 паѓаме на бројка од 16 илјади.
- Тоа се шест илјади деца помалку и тоа значи дека има помалку деца за 300 училници или 15 улилишта. Трајно губиме луѓе кои треба да придонесуваат во општеството, рече Мицкоски.
Додаде дека се работи за подобрување на состојбите, но има наследени проблеми кои не можат да се решат веднаш.
- Работиме врз основа на приоритети. Би сакал сите проблеми кој сум ги наследил да се решат веднаш, но тоа е невозможно. Ресурсите се ограничени и мали. Ние решаваме проблеми, а не создаваме нови. Се ближиме кон систем што ќе биде стабилен, ќе нема банди низ градот кои ќе уценуваат и рекетираат, ќе нема висока корупција, кога правдата ќе важи за секого. Ценам дека до тоа ќе дојдеме оваа година, нагласи Мицкоски.
Вели дека на знае дали ќе успее, но ќе даде се од себе тоа да се случи.
Важна улога за задржување на младите и за создавањето квалитетен кадар, според него, има образованието. Забележа дека нашите универзитети се многу ниско рангирани на Шангајската листа и затоа е неопходно состојбата да се смени и подобри, што е и целта на Предлог законот за високото овразовани.
Мицоски ја отфрла аргументација дека критериумите во новиот закон за виското образование се строги, бидејќи, како што наведе, ако состојбата не се смени нема да генерираме квалитетен кадар што ќе може да се соочи со предизвиците.
МИА
Ново на Сител
-

„Онкологија“: Вештакот од Србија укажува на пропусти во лекувањето и недоволно следење на пациентите
-

Случај „Ивана и Катја“: Стојанче барал 30.000 евра за да се повлече од станот, сведочеше братот на Ивана
-

Иран погуби младо момче кое учествувало во антивладините протести
-

Почнува примената на новиот возен ред на ЈСП „Скопје“ за дел од автобуските линии во главниот град
-

Савески: Одлуката за отповикување на овластувањата на обвинителката Ристоска не беше персонална, туку е од организациска природа
-

МФ: Извршен поврат на солидарен данок од 1,219 милијарди денари кон 119 компании
-

Мицкоски: Со 400 кV далновод од ТС „Битола 2” првпат стануваме целосно поврзани со сите соседни електроенергетски системи
-

АРМ објави оглас за 300 нови војници
