Мицкоски за барањето на опозицијата за предвремени избори: Понекогаш тоа што го посакуваат може и да им се случи, па после да не биде лелекање

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска од Брвеница, уште еднаш порача дека не сака да има предвремени парламентарни избори, а на политичарите од опзицијата кои повикуваат на тоа, „да се однесуваат со одговорност, затоа што понекогаш тоа што го посакуваат може и да им се случи, па после да не биде лелекање“.
Во однос на барањата на опозицијата за предвремени парламентарни избори, Мицкоски рече дека тие „тоа го бараат година и половина“, а еве поразени се на локалните.
-Тоа е опозицијата, да бара избори, ќе биде поразена и на избори. Еве поразени се на локалните, сега ќе бидат и на предвремени, доколку ги има. Јас сум кажал дека не сакам да има предвремени парламентарни избори. Но, многу треба внимателно, политичарите во Македонија да се однесуваат со одговорност, затоа што понекогаш тоа што го посакуваат може и да им се случи, па после да не биде лелекање, изјави Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања по партиски митинг во Брвеница.
Прашан дали ќе има реконструкција на Владата по изборите, Мицкоски рече дека по локалните избори се подготвуваат за партискиот конгрес, кој што ќе се одржи на 6-ти декември во Кавадарци.
МИА
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Стартува изградбата на автопатот Скопје-Блаце
-

Ниту едно подрачно нема да биде затворено и ниту еден наставник во Прилеп нема да остане без работа
-

Со нов проект ќе продолжи доизградбата на затворениот базен во Охрид
-

Преглед на вестите од светот
-

Пехчево против дата центри
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, поранешен амбасадор во Бугарија
-

Голем пожар во околината на Градско – Сите сили фокусирани на ова жариште
