Мицкоски за Божиќ: Силата на државата започнува од домот, да градиме иднина за нашите деца

Премиерот Христијан Мицкоски денеска упати честитка до православните христијани кои го празнуваат Христовото раѓање - Божик .
- Божиќ е ден кога тишината зборува погласно од зборовите. Ден кога се потсетуваме на она што навистина нè држи заедно: семејството, верата, солидарноста и меѓусебната почит. Христовото раѓање нè враќа кон суштинските вредности што со векови го обликувале карактерот на нашиот народ. Божиќ нè потсетува дека силата на едно општество започнува во домот, дека стабилната држава се гради врз здрави семејства и дека иднината ја чуваме преку грижата за најмладите, се вели во честитката на премиерот Мицкоски.
Во време на брзи промени и многу предизвици, овој празник, наведува тој, нè повикува да застанеме, да размислиме и да се вратиме кон вредностите што нè одржале: солидарноста, заемната грижа и одговорноста кон ближниот.
- Посебно место имаат семејствата и децата. Грижата за семејствата е грижа за иднината на Македонија. Децата заслужуваат сигурност, внимание, воспитување и средина во која ќе растат со јасни вредности, чувство на припадност и надеж. Нашата обврска е да создаваме услови во кои секое дете ќе има шанса за достоинствен живот, а секое семејство поддршка и почит. Божиќ е и потсетник за важноста на единството. Само како заедница што се почитува, се слуша и си помага, можеме да одговориме на предизвиците и да градиме стабилна, праведна и сигурна држава. На сите православни христијани им посакувам мир во домовите, здравје и спокој во семејствата и сила да продолжиме уште посилно, со одговорност и со достоинство, се наведува во честитката од претседателот на Владата.
Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на Божикната литургија што се одржа во Собортниот храм, од каде исто го честиташе Божик.
- Христос се роди, навистина се роди. На сите граѓани да им посакам пред се здравје и среќа и мир во домот. Тоа е она што ни е потребно и тоа е она кое што мислам дека е важно во годината што следи, изјави Мицкоски
Одговарајќи на новинарско прашање, тој рече дека паричката на Бадник се паднала кај него.
МИА
Ново на Сител
-

Македонските ракометари ремизираа со Швајцарија за второ место на „Жолтиот куп“
-

До 19.00 часот гласале 242 од пријавените 248 болни или немоќни лица во Гостивар, Врапчиште, Маврово - Ростуше и Центар Жупа
-

Платформата Икс го замени емоџито на иранското знаме со симбол на монархијата
-

Сите патни правци проодни, намалена видливост поради магла на патот Струмица - Валандово
-

Силувале и сликале малолетничка, па ја уценувале за 20.000 евра - Кумановското обвинителство покрена постапка против двајца осомничени
-

Грчките земјоделци се подготвуваат за средбата со Мицотакис во вторник
-

Андоновски: Остануваме посветени на исполнување на европските критериуми иако се соочуваме со наметнати билатерални пречки
-

Мицкоски: Борбата за критериумите на ЕУ продолжува и покрај наметнатиот билатерален спор
