Мицкоски за изјавата дека УЧК имале праведна војна: Не може убиства од заседа да се праведна борба
Не може да биде разумна и праведна војната во која кукавички, од заседа, се убиени припадници на безбедносните сили, изјави премиерот Христијан Мицкоски коментирајќи ја изјавата на неговиот коалициски партнер од ВРЕДИ, Изет Меџити дека војната на УЧК била „праведна, разумна и чиста“.
Одговарајќи на новинарски прашања, претседателот на Владата ги повика, како што рече, сите разумни политичари да се воздржат и да не се враќаат на теми што се затворени, да не ја следат политиката на поделби на ДУИ, туку да се фокусираат на теми од иднината.
-Ја слушнав таа изјава и тука апсолутно имаме различни гледишта на работите. Не може да биде разумна и праведна. Не може некој кој од заседа кукавички одземал животи и убивал припадници на министерствата за внатрешни работи и за одбрана, тоа не може да биде праведна и чесна војна, барем не во Мекедонија, не коментирам за соседството. Но, тоа се теми кои се дел од минатото, затворени со Рамковниот договор, а со последните законски измени, конкретно Законот за правична застапеност кој е во Венцијанската комсиија, тој е затворен, изјави Мицкоски.
Тој нагласи дека во фокусот на Владата е иднината, а не минатото, и повика „разумните политичари“ да гледаат напред, а не назад.
-Нашиот фокус како Влада е иднината, тоа е она што ние сакаме да го видиме. Ова се теми затворени и јас апалирам до сите разумни политичари, да не играат на картата на ДУИ и на оние коишто сакаат да нè вратат 25 години назад. Да гледаме напред, да носиме инвестиции, да направиме поубаво место за живеење за сите граѓани. Тоа е суштината и оската околу која ние треба да се обединиме. Да ги оставиме политичарите кои делеа во минатото, тие немаат тема на иднината, тие не знаат што е иднина, заглавени се во сопствената матрица на минатото. Единствената порака што доаѓа од Демократската унија за интеграција во 14-15 месеци опозиција, заедно со новите коалициски партрнери СДСМ и Левица, е токму тоа – поделба. Затоа, апелирам до сите да се воздржиме од какви било теми коишто нè враќаат назад во минатото, да гледаме кон теми во иднината, порача Мицкоски.
Вицепремиерот и кандидат за градоначалник на општина Чаир, Изет Меџити, во објава на социјалните мрежи пред три дена истакнал дека „Војната на УЧК во Косово, во Прешево и во Македонија беше праведна, разумна и чиста“, изразувајќи поддршка на протест што се одржал во Приштина организиран од Здружението на воени ветерани на паравоените УЧК и ОВК.
МИА
Ново на Сител
-
Прегазен 74-годишник во Тетово, возачот побегнал од местото на настанот
-
Сообраќајна несреќа помеѓу два автомобили и автобус, повредени пет лица, едно лице со тешки телесни повреди
-
Вчера 596 санкционирани возачи за возење со брзина поголема од дозволената
-
Пожар од запалена цигара оставена на душек во Кавадарци
-
Утре локален пороен дожд, од среда до петок стабилно, за викендот повторно врнежи
-
СДСМ со честитка за Денот на Армијата
-
ВМРО-ДПНЕ: Владата ќе откупува пченица од македонските земјоделци за државните резерви
-
ИНРМ со иницијатива до Уставен суд против паушалните фактури за струја