Мицкоски за контролата на АХВ: Најважно е дека не постои ризик за здравјето на граѓаните

Премиерот Христијан Мицкоски, во врска со наодите на Агенцијата за храна и ветеринарство дека кај одредени производители бил утврден значително помал процент на млечни масти од она што било официјално декларирано, нагласи дека најважно е дека не постои ризик за здравјето на граѓаните, но дека вакви случаи ги доведуваат во прашање угледот на производителите и довербата на потрошувачите.
-Најважното прашање е дали постои ризик за здравјето на граѓаните. Во конкретниот случај не станува збор за производи што директно би можеле да го загрозат здравјето. Сепак, проблемот е што декларираниот состав не се совпаѓа со резултатите од лабораториските анализи. Доколку тоа навистина се случувало, тогаш оправдано се поставува прашањето што сè се случувало во минатото. Станува збор за редовни контроли и проверки. Таквите контроли ќе продолжат и кај други производи. Штетата не е само морална, туку и финансиска. Сметам дека во вакви случаи во прашање се доведуваат и угледот на производителите и довербата на потрошувачите - изјави Мицкоски одговарајќи на новинарско прашње по отворањето на новиот базен „Карпош“.
На прашањето дали контролата била вонредна, Мицкоски рече дека станува збор за редовна контрола и додаде дека АХВ ќе продолжи, во согласност со своите законски надлежности, да ги презема сите неопходни мерки во овој случај.
Агенцијата за храна и ветеринарство откри сериозни манипулации и измами на потрошувачите при спроведување инспекциски контроли во поголемите синџир-маркети во земјата. АХВ тестирала 91 мостра од млеко, млечни производи и сувомесни производи од домашно производство и од увоз со цел да се утврди дали нивниот реален квалитет соодветствува со она што е напишано на декларациите.
Од вкупно 45 анализирани мостри од млеко и млечни производи, кај дури 10 оператори со храна е констатирано дека производите не одговараат на правилникот за квалитет на земјоделските производи. Кај нив е утврден значително помал процент на млечни масти од она што било официјално декларирано.
Поради измама на потрошувачите со прикажување лажни проценти на млечна маст, АХВ казни уште осум други оператори со храна. Овие производители и увозници ќе мора да платат поединечна глоба во износ од 1.050 евра во денарска противвредност за утврдените отстапки во нивните производи.
МИА
Ново на Сител
-

Мицкоски: Низ целиот евроинтеграциски процес покажуваме конкурентност и капацитетност, но не поддржувам авантура без извесен крај
-

„Кругот на животот“ - што се крие зад емотивниот поздрав во ООУ „Његош“?
-

Тројца Македонци уапсени во Хрватска, лепеле напелници на сообраќајни знаци
-

НАСА: Поправките на лансирната рампа на проектот „Блу Ориџин“ ќе потраат
-

Уапен гостиварец осомничен за сторени повеќе кривични дела
-

Македонските фудбалери убедливо поразени од Турција, 360 минути без постигнат гол
-

Втор ден од Регионалниот форум за клима, енергетска транзиција и одржлив развој во Западен Балкан - МЕФ 2026
-

Николоски: Со нови пет авиолинии, единствена држава сме што отвора нови летови во најголемата авиокриза
