Мицкоски: За рекордно време успеавме да ги мобилизираме сите капацитети и започнеме со чистење на Град Скопје

Премиерот Христијан Мицкоски е задоволен од вчерашната акција за чистење на градот Скопје, од брзата мобилизација за таа акција да се реализира. Можеби, вели тој, делува смешно да се зборува за чистење смет во 21 век, но вели некој го донел градот во ваква состојба.
-Ова беше политичка стратегија на опозицијата да преку неработењето на претходната градоначалничка нанесе штета пред се на Владата и на државата и морам да признаам дека во одредена мера успеа сето тоа, но, ние таа лекција ја научивме и затоа уште од првиот ден ги засукавме ракавите. Започнуваме од темелите и од под темелите. Така беше и во Владата кога дојдовме и најдовме долгови, така е и во градот. Мора да почнеме да гребеме од под темелите за да дојдеме до површината и потоа да градиме нагоре, рече Мицкоски по увидот во градежните работи поврзани со проектот градски воз.
Тој смета дека тоа новиот градоначалник на Скопје Орце Ѓорѓиевски го прави исклучително квалитетно од самиот почеток на неговиот мандат. Вели дека во животот нема втора шанса за прв впечаток, така што многу е важен првиот впечаток и е уверен оти Ѓорѓиевски ќе го оправда позитивниот впечаток и во иднина.
-Ние се доведовме во ситуација во 21 век да зборуваме за елементарни работи и навистина сето тоа делува помалку и комично, но, кога некои работи треба да се направат, тие мора да се направат. Како што кажа градоначлалникот за време на изборната кампања, во исклучително рекордно време успеа да ги мобилизира сите капацитети. Но, исто така, сакам да им заблагодарам и на општествено одговорните компании кои се вклучија во акцијата. Мислам дека вчера беше навистина сето тоа убаво и од една ваква робусна акција денеска еве, ако ништо друго можевме да видиме дека контејнерите се празни, нема прелевање на смет како што беше случај. Навистина делува смешно, јас ве разбирам и јас понекогаш можеби би се намсмеал на сето ова што го зборуваме. Но, за жал се доведовме во една ваква ситуација, изјави премиерот Мицкоски.
МИА
Ново на Сител
-

Чепреганов: Апсурд е што во време на европска демократија се соочуваме со негации од сите страни, политичарите достоинствено да опстојат на македонските интереси
-

Ѓаволот од бегство во куќен притвор
-

Бугарскиот парламент го усвои законот за буџет за 2026. во прво читање, претходеше тепачка во пленарната сала
-

ДИК го утврди редоследот на гласачкото ливче за повторените локални избори во четири општини
-

Јаневска: За забрзување на напредокот, во 2026 рекордни вложувања во науката
-

Новиот план за просторно планирање на државата во нацрт-верзија, ќе важи до 2040 година
-

ДКСК: 35 поранешни и 19 новоизбрани градоначалници не ја пријавиле имотната состојба
-

Сиљановска - Давкова: Во 2026 година очекувам создавање поповолна бизнис-клима, стабилен раст и подобар стандард за граѓаните
