Мицотакис: Од 27 барања на земјоделците, само седум не можат да се исполнат

Од листата со 27 барања на земјоделците, 16 веќе се исполнети или се третираат позитивно, четири се во фаза на обработка или дискусија со цел да се најде решение, а само седум не можат да се решат, или затоа што се во спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или затоа што се финансиски неизводливи, напиша на Фејсбук грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и уште еднаш посочи дека се отворени за дијалог, „но не и за неразумни барања“, јави дописничката на МИА од Атина.
Во традиционалниот неделен пост, Мицотакис се осврна и на протестите и блокадите на земјоделците што траат веќе три седмици и порача дека тоа што одбиваат дијалог „не му користи на никого и е пример за неконструктивен став“.
– Економските последици од блокадите врз остатокот од општеството веќе се очигледни. Борбата за остварување на барањата мора секогаш да биде со почит кон општеството во целина. А ако земјоделците од блокадите одбиваат да ја слушнат Владата, нека ги слушнат хотелиерите, угостителите, стопанските комори од нивната област. Нивните пријатели и роднини кои сакаат да патуваат и да ги посетат за празниците. Но, нека размислат и за нашата татковина, за нејзината меѓународна трговија и економската активност, врз кои нивните протести влијаат негативно и, секако, без никакво позитивно влијание врз нивните барања, напиша Мицотакис.
Земјоделците, кои протестите ги започнаа на 30 ноември со поставени над 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од нивните барања, во текот на денешниот ден ќе одржат нови состаноци за да ги одредат нивните следни чекори, а најавите се дека за време на Божиќ и Нова година имаат намера да ги отворат автопатите и улиците, но тракторите сепак да останат паркирани.
Од 1 декември трактори се паркирани и на граничниот премин Евзони кон нашата земја, каде што во изминатите денови во период од 18 до 22 часот по локално време го блокираа сообраќајот за сите возила.
МИА
Ново на Сител
-

Поевтинуваат бенизите, цената на дизелот останува иста
-

Викендов на ГП Табановце, влегле над 36.000 македонски државјани
-

Дедо Мраз и супер херои од цртаните филмови им поделија пакетчиња на хоспитализираните на Детската клиника
-

Мицкоски објави инвестиција од 100 милиони евра во енергетиката
-

Авиосообраќајот на скопскиот аеродром се стабилизира, откажани осум лета поради магла
-

Муцунски: Во фокусот внатрешните реформи и достоинствено и соодветно решение со Бугарија
-

Божиновска: Нема да има никаква криза, државата има резерви на мазут
-

Економските санкции на ЕУ кон Русија продолжени за уште шест месеци
