-->
-->
Миланов: Контролата на безбедноста на храната е на АХВ, но одговорноста за небезбедна храна е на операторите
-->

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Оливер Миланов, во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21 изјави дека иако АХВ е одговорна за спроведување на контролите на безбедноста на храната, конечната одговорност за небезбедната храна лежи на операторите.
„Ние како Агенција имаме обврска да извршуваме редовни контроли и да обезбедиме безбедност на храната која се пласира на пазарот, но операторите, како субјекти кои ја нудат храната, носат целосна одговорност за тоа што нудат на потрошувачите“- истакна Миланов.
Тој додаде дека АХВ ќе продолжи со засилени контроли и санкции за сите оние кои ќе ја загрозат безбедноста на храната и јавното здравје.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Од 26 август почнува пријавувањето за субвенциониран студентски оброк
-

Американскиот министер за финансии изјави дека војната со Иран влегува во „завршна фаза“
-

Почна судењето против Артан Груби и седум други лица за злоупотреби во АД „Државна лотарија“
-

Водата за пиење во Скопје безбедна и квалитетна
-

Ноќните температури во Атина синоќа достигнаа и до 33 степени
-

СПМ: Македонија не е предмет на бугарски историски диктат
-

Сообраќајот на Табановце се одвива без задржувања, казните за сообраќајни прекршоци странците ги плаќаат онлајн
-

Европската комисија одобри 6,1 милијарда евра помош за одбраната на Украина
