„Миланова игра“ - вечер посветена на творештвото на Милан Завков на 27 март во Филхармонија

На 27 март, во Македонската филхармонија, со почеток во 20 часот, ќе се одржи концертот „Миланова игра“ – вечер посветена на творештвото на маестро Милан Завков, еден од најзначајните македонски композитори и виртуози на хармоника.
Картите за концертот се достапни на mktickets.mk
Со своето долгогодишно творештво, Завков остави значаен белег во македонската изворна и новокомпонирана народна музика, создавајќи композиции и ора кои денес се дел од колективното музичко наследство. Неговиот препознатлив стил и виртуозност придонесоа народната музика да добие нова уметничка димензија и да остане жива низ генерации музичари и публика.
Програмата на концертот вклучува избрани вокални и инструментални композиции од опусот на Завков, во нови аранжмани на врвните аранжери Дамир Имери и Дарко Илиевски, изведени од специјално оформен камерен оркестар. Концертот дополнително ќе биде збогатен со настапите на специјалните гости: Наум Петрески, Зуица Лазова, Сузана Спасовска, Горан и Ленче Кукиќ, како и Дино Имери на пијано и Катарина Броња на флејта.
„„Миланова игра“ претставува исполнување на една од неговите последни желби – неговата, но и македонската народна музика, да добијат нов живот во современ формат кој ја задржува нивната автентичност, а истовремено им дава нова уметничка димензија. Токму преработката на „Ревиско оро“, во изведба на Дино Имери, беше инспирацијата за оваа идеја. Со овој концерт сакаме да ја исполниме таа негова желба и повторно да ја донесеме неговата музика пред публиката.“ – велат од семејството Завкови.
Дознајте повеќе на https://subscribepage.io/milanovaigra">линкот и бидете дел од ова посебно музичко доживување.
Ново на Сител
-

Путин телефонски разговарал со Трамп
-

Трамп: Блокадата на Иран продолжува додека не се постигне нуклеарен договор
-

Пронајдени марихуана, амфетамин и метадон при претрес во Аеродром, поведена истрага
-

Москва го обвинува Зеленски дека провоцира нуклеарна војна
-

Иран им се заканува на САД со „невидена“ воена акција поради поморската блокада
-

Собранието изгласа укинување на техничката влада - за власта таа е надминато решение, опозицијата смета дека без неа ќе нема услови за демократски избори
-

Раде Трајковски Штекли осуден на осум години затвор
-

Повреден градежник додека извршувал работни задачи на автопатот Охрид-Кичево
