Милановиќ: Инертноста на ЕУ е многу незгодна работа и работи на наша штета
Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, оцени дека Европската унија „страда од ужасен недостаток на демократија“ и дека „како таква, таа е тешко одржлива“.
Во денешното интервју за подгоричка Побједа, Милановиќ ги повтори критиките за Брисел, особено во контекст на политиката на ЕУ кон Западен Балкан.
Коментирајќи ги преговорите на Црна Гора со ЕУ, кои траат веќе 11 години, Милановиќ рече дека не разбира како земјите од Западен Балкан, вклучително и Црна Гора, можат да бидат добри за НАТО, а не за ЕУ.
„Од една страна, тие земји се добри за НАТО и се добри со години, така што во најделикатната и најбараната воена алијанса досега, тие можат да бидат членки, но за да започнат преговори за правосудство не можат. Значи, што се овие пропаднати корумпирани држави? Извини тогаш не ги сакам ни во НАТО ако пилата ја свртиме наопаку.Тоа се луѓе кои имаат исто право на шанса како нас,ама немаат. Истото важи и за Србите ако одлучат. Србите треба да одлучат каде се. Што се однесува до мене, тие се добредојдени, но тие треба да одлучат каде се“, рече Милановиќ.
Хрватскиот претседател беше ироничен за односот на Брисел кон Западен Балкан, па на прашањето за проширувањето на ЕУ во регионот рече дека тоа е „прашање за мудреците од Европската комисија“.
„Прашајте ги мудреците од Европската комисија, Европската комисија е чувар на договорот, „чувари“, го препишаа од Платон. Имате филозофи, тоа се комесари. Ги има повеќе, а вие имате „чувари“, тоа е комисијата. Тие ги чуваат вредностите што се напишани во тие договори и што само тие ги знаат, од обични луѓе и од неупатени, од неинформирани луѓе. Тоа може само да се иронизира“, смета Милановиќ.
На прашањето од што ЕУ ги штити договорите, Милановиќ вели: „Од неуките, како што се Црногорците. За жал, така го доживуваат, како и од оние кои сакаат да ги скршат одвнатре, односно од големите непријатели на најблагородните идеи на човечкиот род што се запишани во европските договори“.
Тој, сепак, додаде дека „не е баш така“.
„Ако сакаме да се однесуваме нормално, како луѓе, за да комуницираме со нашите соседи, тогаш треба да ги сфатиме сериозно. Секогаш кога ќе ги видам претседателите на тие земји овде, се прашувам што прават тие овде, односно зошто тие не се во ЕУ. Кога ќе ги слушнете дискусиите на тие луѓе, тие се дел од тој клуб. Таквата инертност во однесувањето на колективниот Запад, според мене, е многу незгодна работа и работи на наша штета“, изјави Милановиќ во интервју за подгоричкиот весник, кое беше направено на маргините на самитот на НАТО во Вилнус одржан минатата недела.
Хрватскиот претседател смета дека е „илузија“ оти патот кон членството на Црна Гора во ЕУ е забавен поради „политичката и судската криза“ и оценува дека тоа е „илузија што треба да се скрши“.
Ново на Сител
-
Физичка пресметка меѓу две лица пред казино на Бит Пазар
-
Маж од штипско со остар предмет ги нападнал својата сопруга и нејзините мајка, татко и брат
-
Поради екстремната жештина во Португалија за една недела умреа речиси 300 лица
-
Жена обвинета откако мало дете е пронајдено во куфер во Нов Зеланд
-
Сообраќајка на магистралниот пат Гостивар - Кичево, учествувале еден мотоцикл и три автомобили
-
Мицкоски: Ќе има мерки за училишната кошничка, се анализираат модели за цените во маркетите
-
Отстранети 74 непрописно паркирани возила во Центар за седум дена
-
ЦУК: Активни два пожари, под контрола еден, еден изгаснат