Милановиќ одби да даде согласност за новиот израелски амбасадор во Хрватска

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ одби да даде согласност за предложениот израелски амбасадор Нисан Амдур поради „актуелната политика на израелските власти“, соопшти денеска неговиот кабинет.
Милановиќ е остар критичар на израелската воена кампања во Појасот Газа, која ја нарече геноцид, како и на американско-израелските напади врз Иран, потсетува Хина.
„Со оглед на постапувањето на израелската страна, Кабинетот на претседателот на Републиката потврдува дека предложениот амбасадор на Државата Израел не доби, ниту ќе добие согласност од претседателот Зоран Милановиќ, и тоа поради политиката на актуелните израелски власти“, се наведува во соопштението, при што се додава дека давањето согласност е суверено право на Хрватска и дека никакви јавни или политички притисоци нема да ја променат одлуката.
Амдур, кој беше одобрен како замена за сегашниот амбасадор Гари Корен, ќе пристигне во Хрватска на крајот на мај како вршител на работи, позиција за која не е потребно одобрение од претседателот, објави претходно „Тајмс оф Израел“ (Times of Israel), нарекувајќи го Милановиќ „антиизраелски“ политичар.
Израелскиот портал „Инет“ (Ynet) пишува дека ова е првпат хрватски претседател да одбие странски амбасадор, оценувајќи го тоа како „сериозно кршење на дипломатскиот протокол“.
Од кабинетот на Милановиќ возвратија дека Израел го прекршил непишаното правило со тоа што јавно го објавил името на предложениот амбасадор пред тој да добие официјална согласност од земјата-домаќин. Претходно, во март, актуелниот амбасадор Корен беше повикан на разговор на Пантовчак поради неговите изјави во кои го повика Загреб да ги прекине дипломатските односи со Техеран.
Ново на Сител
-

Германија ќе инвестира милијарди евра во зајакнување на цивилната заштита
-

Барселона го израмни рекордот на Реал по победи на сите домашни натпревари во Ла Лига во една сезона
-

Лазаров: Успеавме да составиме тим на играчи кои се борат еден за друг
-

Кливленд ја доби мајсторката со Детроит
-

МЗТ Скопје Аеродром поведе во финалето против Маџари
-

Протести во Чешка во знак на поддршка на независноста на јавниот сервис
-

Бројот егзекуции во светот во 2025 достигнал рекордно ниво за последните 44 години
-

Сиљановска-Давкова во официјална посета на Словенија, денеска ќе има средба со претседателката Пирц Мусар
