Милевски: Освоивме голем бод против фаворитот Белгија

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски ги искажа своите впечатоци по синоќешното реми со Белгија.
Натпреварот во Гент заврши нерешено 0:0, со освоениот бод, нашата репрезентација го задржа првото место на табелата во пресрет на последните два натпревари од квалификацискиот циклус за Светското првенство 2026.
-Можам да бидам задоволен од играта во одбрана, но не и во организација на играта. Извлековме максимум од овој натпревар, иако планот беше да имаме поголем посед, да играме и кон напред. Секако дека и противникот влијаеше на нашата игра. Белгијците имаат одлични играчи во средниот ред. Најважно е дека вечерва го имавме тој „фактор икс“. Да издржиме до крај и кога се браниме, да покажеме карактер. Среќни сме, останавме на првото место и сега треба да се фокусираме на следниот меч, изјави Милевски.
Македонската репрезентација в понеделник (13 октомври) ќе го пречека Казахстан во Скопје.
МИА
Ново на Сител
-

Од живо од скопско Таор: Четворица приведени за убиството на 48 годишна жена
-

Сали: ВРЕДИ ќе раководи со 6 ресори по реконструкцијата
-

Пратениците одлучуваат од кога кај матичен лекар ќе се изјаснуваме за донирање на органите по смртта
-

Топлотен бран ја зафати Македонија
-

СДСМ: Загрозен е вториот пензиски столб, ВМРО-ДПМНЕ: Лагите ги повторуваат како папагали
-

80 години од почетокот на граѓанската војна во Грција
-

Уметници творат во Вевчани
-

Преглед на вестите од светот
