Loading Video...
Кошарка
23. March 2022 - 11:55

Милвоки го „прегази“ Чикаго со 28 разлика, Денвер подобар од ЛА Клиперс

Актуелниот НБА шампион Милвоки го доби дербито од Источната конференција, совладувајќи го Чикаго со убедливо со 126-98. 
 
До 45-тиот овосезонски триумф „Бакси“ ги предводеа Холидеј со 27 поени и Антетокуомпо со 25 поени и 17 скокови. Сепак Милвоки останува на втората позиција на Истокот, зад лидерот Мајами кој има две победи повеќе. 
 
На Западот. Вниманието го привлече дуелот меѓу Денвер и ЛА Клиперс кој го добија домаќините со 127-115, благодарение на новото одлично издание на Никола Јокиќ кој оствари дабл-дабл со 30 поени и 14 скокови.
 
До крајот на регуларниот дел ос сезоната на повеќето тимови им остануваат да одиграат уште по десет натпревари