Македонија
19. September 2025 - 16:28

Минчев: Крај за партиските вработувања во Администрација, ќе се намалува за 40%

Државата ќе ја намалува администрацијата за 40 отсто –со новиот пакет закони меѓу кои и законот за организација и работа на органите на државната управа предвидена е и рационализација на бројот на државни службеници, потврди ресорниот министер Минчев. Ќе се крати во управни и надзорни одбори, ќе спојуваат институции, а со тоа ќе се исполни обрврската која ја бара ЕУ, за намалување на јавната администрација.

Минчев обвини дека поради пријателските и роднинските вработувања кои 30 години владееле по институциите, администрацијата сега е нефункционална, тромава и не ефикасна. Затоа започнуваат обуки за целата администрација за преквалификација и департизација на институциите. 

Македонските административци  ќе ги слушнат искуствата на словенскии и француски државни службеници. Минчев и францускиот амбасадор Ле Риголер потпишаа меморандум со кој преку обуки ќе бидат пренесени нивните практики, на повеќе од 1000 административци.

Министерството со француска поддршка ќе го спроведува проектот за јакнење на капацитетите и професионализација на администрацијата, а ќе овозможи формирање на академија за обука и стручно усовршување на административните службеници.