Министерот Ристовски упати честитки за млади борачи – медлисти на ЕП У15, борењето има иднина!

Министерот за спорт Борко Ристовски денеска се сретна со младите македонски борачи Абдулазиз Азизи и Лука Ананиев, освојувачи на бронзени медали на Европското првенство за борачи до 15 години што се одржа во Самоков, Бугарија. На средбата присуствуваа и нивните тренери, како и претседателот на Боречката федерација на Македонија, Дејан Богданов.
Како што информираат од Министерството за спорт, Ристовски им го честитал големиот успех на младите спортисти, кои се стипендисти на Министерството во рамки на Програмата за поддршка на млади таленти, истакнувајќи дека тие се иднината на македонското борење.
-Министерството за спорт секогаш ќе ги поддржува талентираните спортисти и вистинските резултати. Борењето во Македонија е спорт со богата традиција, а овие млади луѓе се неговата иднина. Им посакувам Нивните успеси се доказ дека вложувањето во младите спортисти носи резултати и создава основа за нови достигнувања на меѓународната сцена - истакнал Ристовски.
Младите македонски борачи Абдулазиз Азизи и Лука Ананиев, предводени од своите тренери Јасин Реџалари, Мики Тодоров и Буњамин Ебипи, во силна европска конкуренција освоија бронзени медали во своите категории.
Овие медали претставуваат значаен успех за македонското борење и потврда за квалитетната работа со младите категории, како и за континуираната поддршка што ја добиваат перспективните спортисти.
-Упатуваме голема благодарност за поддршката што ја добиваме од Министерството за спорт. И Абдулазиз и Лука се стипендисти на Министерството и таа поддршка е исклучително важна за нивниот развој. Веруваме дека ова е само почеток и дека во иднина ќе продолжат да остваруваат уште поголеми успеси - рекол тренерот Јасин Реџалари.
МИА
Ново на Сител
-

75-годишна жена и нејзиниот малолетен внук физички нападнати од нејзината ќерка
-

Николоски: Имаме решение за патот за Теферич, Владата ќе го води проектот
-

Внимавајте на грчките плажи: 250 евра казна ако немате спасувачки елек на SUP даска
-

Николоски: Проблемот на професионалните возачи го решаваме самостојно, веќе се издаваат долгорочни работни визи
-

Новиот закон овозможува државни и приватни дата центри, вели Николоски
-

За викендот сончево и многу топло, од вторник грмежи и засилен ветер
-

Иран предупреди на масовен одговор по заканите на Трамп за напади врз критичната инфраструктура
-

На Деве Баир спречен обид за криумчарење на две илјади парчиња медицински препарати | ФОТО
