Македонија
30. November 2017 - 16:11
Министерот Спасовски: Останатите осомничени за насилството во Парламентот најверојатно се во Македонија
Уште двајца од осомничените за настаните во македонскотo собрание на 27 април годинава добија мерка притвор од триесет дена.
Вчера биле пронајдени и изведени пред судија на претходна постапка кој им одредил притвор.
Во истражниот затвор Скопје веќе се наоѓаат 13 осомничени, а шестмина добија мерка куќен притвор.
Полицијата се уште на судот не може да му обезбеди девет лица, но Спасовски тврди дека имаат информации за нивната локација
Бранителите на осомничените веќе го испочитувале законското право и поднеле приговор на определените мерки за обезбедување.
Од судот и во денешното соопштение до јавноста информираат дека судијата на претходна постапка ќе одлучува за шестемина пратенбици откако ќе го добие одговорот од Собранието.
-

Иван Кузмановски
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
