Министерот Тошковски во посета на џудо тренинг сесија на полициските специјалци во Центарот за обука во Идризово
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во Центарот за обука во Идризово присуствувал на џудо тренинг сесија на полициските специјалци со инструктор од Интернационалната џудо федерација специјализиран за обука на полициски и армиски специјални единици.
Како што информира Министерството за внатрешни работи, оваа соработка произлегува од неодамна потпишаниот Меморандум за соработка помеѓу МВР и Министерството за спорт и Меморандумот за разбирање помеѓу Националната џудо федерација и Европската џудо федерација потпишан на Европското првенство во џудо за кадети кое се одржа во Скопје минатиот месец.
- Вложуваме во нашите луѓе – во нивната обука, знаење и подготвеност. Градиме силна, професионална и подготвена полиција, способна да одговори на современите безбедносни предизвици и ефикасно да се справува со криминалот. Затоа, особено внимание посветуваме на континуираната физичка подготвеност посебно на специјалните единици, истакнал министерот Тошковски.
Овие тренинг сесии со врвен џудо тренер, посочил министерот, „се со директен ангажман на претседателот на европска џудо федерација, Ласло Тот.
- Неодамна преку Министерството за спорт и Европската џудо федерација ја опремивме салата со специјализираните душеци - татами и кимона за полициските службеници. Планираме и за во иднина сеопфатни програми за физичка обука на полициските службеници, потенцирал Тошковски.
МИА
Ново на Сител
-
Трамп: Не смееме да го укинеме договорот за нуклеарни ограничувања
-
Маж од радовишко паднал од трактор и бил прегазен, приведен возачот на тракторот
-
Приведени 12 лица, при претрес на возила пронајдена е дрога
-
Две лица под истрага за грубо насилство во скопско Орешани
-
Кина предлага создавање меѓународна организација за вештачка интелигенција
-
Трамп пристигна во Шкотска, најави средби со Стармер и Фон дер Лајен
-
Во Скопје денеска и утре авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци
-
Беровскиот кризен штаб го повика населението доброволно да се вклучи во гаснење на пожарот на планината Готен