Министерот за надворешни работи на БиХ го повлекува персоналот од амбасадата во Белград, најави намалување на односите со Србија на минимум

Министерот за надворешни работи на Босна и Херцеговина, Елмедин Конаковиќ изјави во Сараево дека ќе ги повлече сите вработени од Амбасадата на Босна и Херцеговина во Белград, освен амбасадорот и конзулот, со цел да ги сведе односите со Србија на минимум поради постапките на државата по смртта на осудениот воен злосторник и поранешен командант на Војската на Република Српска, Ратко Младиќ.
На прес-конференција во Сараево, Конаковиќ рече дека нема овластување да ги повлече амбасадорот и конзулот, бидејќи тие се назначени од Државното претседателство, но дека ќе ги повлече другите вработени чии должности ќе ги извршуваат вработените во амбасадите на БиХ во Црна Гора и во Хрватска.
„Да можев, веднаш би ги прекинал дипломатските односи со Србија. Што можам да направам: Ќе работам на намалување на односите на можно минимум. Ќе негирам, ќе ја намалам целата комуникација со нив. Ќе ги повлечеме сите луѓе што можеме да ги повлечеме, ќе ги префрлиме конзуларните работи во Загреб и Подгорица“, изјави тој.
Според него, кулминацијата на величењето на лице осудено за воени злосторства била синоќа на фудбалскиот натпревар меѓу Црвена звезда и Партизан со пораката – „Правец Поточари“, додавајќи дека тоа бил „последен аларм“.
Хашкиот осуденик Ратко Младиќ беше погребан денеска во семејната гробница на гробиштата Топчидер во Белград со црковни обреди и воени почести, а меѓу илјадниците луѓе во погребната поворка беа и некои министри на српската влада и функционери на РС. Според извештаите и снимките од белградските медиуми, беа видени бројни сегашни и поранешни функционери на Србија и Република Српска, меѓу кои и српските министри за правда Ненад Вујиќ, министерот за култура Никола Селаковиќ, за одбрана Братислав Гашиќ, за локална самоуправа Дарко Глишиќ, поранешниот претседател на РС Милорад Додик, како и рускиот амбасадор Александар Боцан-Харченко.
МИА
Ново на Сител
-

Сиљановска-Давкова: Унгарската револуција е траен симбол на борбата за слобода и достоинство
-

Променливо облачно со сончеви периоди, од недела повремени локални врнежи од дожд
-

Француските средношколци по средбата со Макрон повикаа на продолжување на протестите сè додека не се објават конкретни мерки
-

Николоски: Ја развиваме Брвеница со реализација на конкретни проекти
-

Трамп се закани со преземање на целата иранска нафта
-

11 ден протести во Тирана: Се бара безусловна оставка од Рама
-

Кошта: ЕУ ќе покрие две третини од дополнителните 70 милијарди евра за Украина
-

Постапка за измами на граѓани со т.н. „кубански вакцини“ - претреси на повеќе локации
