-->
-->
Министерство за здравство: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна
-->

Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна. Иако е забележано дневно зголемување, вкупниот тренд е значително понизок во однос на времето кога беше пикот, информира денеска Министерството за здравство.

- На 31 јули се регистрирани вкупно 60 први прегледи. Иако е забележано дневно зголемување, вкупниот тренд останува значително понизок во споредба со пикот од 18 јули, кога беа евидентирани 649 прегледи. Од 14 до 31 јули се регистрирани вкупно 4.543 први прегледи. Досега се примени 1.028 формални пријави за заразна болест и изработени се 730 нови епидемиолошки анкети, со опфат од 71 процент, наведува Министерството во денешното соопштение.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски: Подготвени сме за компромис
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се плаши од дијаспората
-

Форум: Одржливоста како двигател на економскиот раст
-

Мисајловски: Армијата се модернизира
-

Охрид привлечна дестинација за туристите
-

Продолжува подобрувањето на патната инфраструктура во Прилеп со средства од Министерството за транспорт
-

Преглед на вестите од светот
-

Сител сторија: Како изгледа новиот систем на ЦУК за рана детекција на пожари?
