Македонија
21. October 2026 - 16:47
Министерството за јавна администрација со нова рамка за организација на работата на органите на државната управа
Министерството за јавна администрација подготвува нова рамка за организација и работа на органите на државната управа.
На јавна дискусија за Нацрт-законот, министерот Горан Минчев порача дека треба да се стави крај на преклопувањето на надлежностите, непотребните административни бариери и институционалните структури создадени под влијание на дневнополитички договори.
Законот предвидува појасни надлежности и одговорности, како и периодичен преглед на функционирањето на самостојните органи.
Нацрт-текстот е објавен на ЕНЕР, каде што во следните 30 дена ќе може да се доставуваат забелешки и предлози.
-->
-->
