Министерството за надворешни работи го одбележа Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите на холокаустот

Како полноправна земја членка на ИХРА, македонската Влада останува цврсто посветена на борбата со антисемитизмот, искривувањето на историските факти и негирањето на холокаустот, истакнал заменик-министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски, во поздравното обраќање на настан со кој Министерството денеска го одбележал Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите на холокаустот.
Како што информира МНРиНТ, Димитровски им оддал почит на жртвите и на денешните наследници на македонските Евреи што биле депортирани во 1943, изразувајќи надеж дека со „доследна едукација на младите генерации за холокаустот ќе може како цивилизација да спречиме антисемитски акти во сите нивни форми“.
На настанот се обратиле и амбасадорката на Државата Израел, Вивиан Аисен, и претседателот на Еврејска заедница во Македонија, Пепо Леви.
-Одбележувањето беше проследено со сведоштво за единствената преживеана Еврејка од Штип, Шела Алтараз. Ученици од Основното училиште „Димитар Влахов“ од Штип изведоа краток сценски перформанс со наслов „Писмо од Треблинка“. Во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија беше отворена и изложба посветена на жртвите на холокаустот, прикажана од детска перспектива, соопшти Министерството.
Република Северна Македонија е полноправна членка на Меѓународната алијанса за сеќавање на холокаустот (International Holocaust Remembrance Alliance - IHRA).
МНРиНТ посочува дека Меморијалниот центар на холокаустот на македонските Евреи во Скопје е еден од ретките во светот кој сведочи за страдањата на 7144 македонски Евреи убиени во логорот Треблинка во окупирана Полска. Ноќта меѓу 10 и 11 март 1943 Евреите од Штип, Битола и Скопје биле присилно собрани и потоа депортирани во Треблинка од каде што не се вратиле во своите домови.
-Активностите на државата се насочени кон почитување на историските факти и зачувување на колективното сеќавање на холокаустот, со јасна и трајна порака: никогаш повеќе, соопшти за Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.
МИА
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев сакале да ја преземат болницата „Жан Митрев“
-

Кошта: ЕУ и Индија отвораат ново поглавје во трговијата, безбедноста и врските меѓу луѓето (ДПЛ)
-

Мисајловски: Годинава пристигнуваат сите 42 борбени возила „Страјкер“ за Армијата набавени од САД
-

Невремето затвори 242 училишта во Северна Ирска, главните патишта блокирани
-

Уапсен возач од кратовско, возел со 3,19 промили алкохол во организмот и излетал од патот
-

Петмина кандидати за државен јавен обвинител, се чека на евентуални пријави по пошта
-

Во струмичко Костурино водата однесе 120 јагниња и 100 овци
-

Тестирање на системот „Безбеден град“ на подрачјето на Охрид
