Министерството за правда и експерти ќе бараат решение за учество на независни кандидати на изборите наесен
Правни експерти кои сметаат дека учеството на независни кандидати на локалните избори не може да се регулира преку акт на ДИК, на средба во Министерството за правда ќе бараат решение за независните кандидати, потврди премиерот. Од тоа ќе зависи и кои ќе бидат следните чекори - дали независните кандидати ќе може да учествуваат на избори без да се собираат потписи.
Од правда без да споделуваат детали и кои се експертите ќе бидат повикани, велат консултациите се во тек за да не се создаде правен вакум.
Опозициската СДСМ пак останува на ставот дека секој има право да избира и да биде избран.
Дел од независните интензивно работат на собирање потписи за формирање на политички партии за да го осигураат учеството на изборите.
Од битолската Поинаку за Сител велат дека ќе чекаат конечна одлука на ДИК. Се надеваат дека нема да им биде ускратено правото за настап на изборите, бидејќи законот го дозволува тоа.
Дел од правниците се децидни дека Државната изборна комисија нема право со упатство да го регулира учеството на независните кандидати на локалните избори.
Првиот човек на Комисијата пак за Сител истакна дека независните кандидати ќе учествуваат на изборите без да собираат потписи. Кондарко најави дека преку ново Упатство до крајот на неделата ќе биде прецизирана примената на чл.60 од изборниот законик за поднесување на кандидатурите, за да се потврди правото за учество на независните кандидати на претстојните локални избори наесен.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар