Министерството за правда на САД ги објави документи од истражните досиеја на Епштајн

Американското Министерство за правда синоќа објави илјадници документи од истражните досиеја за починатиот сексуален предатор Џефри Епштајн.
Објавени се повеќе од 3.000 фотографии на кои се Мајкл Џексон, Ричард Бренсон, Бил Клинтон, Дијана Рос, Крис Такер и многу други. На објавените фотографии не постои сугестија за незаконско постапување со злосторствата на Епштајн.
Заменик-главниот обвинител Тод Бланш изјави дека со преглед на документите идентификувани се повеќе од 1.200 жртви и членови на нивните семејства.
– Овој процес резултираше со идентификација на повеќе од 1.200 имиња на жртви или нивни роднини. Референците за овие имиња се редактирани. Покрај затемнувањето на имињата на жртвите, ние исто така го редактиравме и не објавуваме никаков материјал што би можел да доведе до нивна идентификација, истакна Бланш.
Портпаролката на Белата куќа, Абигејл Џексон по објавувањето на документи наведе дека администрацијата на Трамп е „најтранспарентна во историјата“.
– Администрацијата на Трамп е најтранспарентна во историјата. Со објавување на илјадници страници документи, соработка со поканите на Комисијата за надзор на Претставничкиот дом и неодамнешниот повик на претседателот Трамп за понатамошни истраги за демократските пријатели на Епштајн, администрацијата на Трамп направи повеќе за жртвите отколку што некогаш направиле демократите. Додека претседателот Трамп ги исполнува своите ветувања, демократите како Хаким Џефрис и Стејси Пласкет сè уште не објасниле зошто барале донации и средби со Епштајн откако тој бил осуден како сексуален престапник. Американскиот народ заслужува одговори, посочи Џексон.
Објавени се и голем број на Џефри Епштајн и неговата партнерка Гилејн Максвел од нивните патувања.
Голем број од фотографиите се сериозно редактирани, во согласност со обврската на Законот за транспарентност на досиејата на Епштајн за отстранување на информации што би можеле да ги идентификуваат неговите потенцијални жртви или да содржат материјал за сексуална злоупотреба на деца. Согласно законот, Министерството за правда беше овластено и да ги задржи материјалите поврзани со активните истраги.
Исто така, објавено е и следното предупредување: „Некои делови од содржината во оваа колекција вклучуваат описи на сексуална злоупотреба. Затоа, имајте предвид дека некои делови од оваа колекција може да не бидат соодветни за сите читатели“.
Досиејата треба да откријат со кои моќни луѓе Епштајн се дружел пред да биде осуден во 2008 година за наведување малолетничка во проституција. Како и детали за неговото самоубиство во 2019 година во затворот во Менхетн откако беше уапсен за сексуални злосторства.
Епштајн во 2008 година постигна спогодба со обвинителите откако родителите на 14-годишно девојче пријавиле во полицијата во Флорида дека тој ја злоупотребил нивната ќерка во неговата вила во Палм Бич. Потоа беше осуден за подведување малолетник, регистриран како сексуален престапник, и благодарение на спогодба за признавање на вина, избегна построга затворска казна.
Единаесет години подоцна, тој беше обвинет за водење мрежа од малолетни девојки за обезбедување сексуални услуги. Почина во затвор чекајќи судење, а неговата смрт беше прогласена за самоубиство.
Посебна истрага беше спроведена и против неговата британска колешка и поранешна девојка Максвел, која во 2021 година беше осудена за заговор со Епштајн за трговија со девојки за сексуални цели. И Епштајн и Максвел беа предмет на граѓански тужби.
Ново на Сител
-

На 75-годишна возраст почина Драган Б. Костиќ
-

Свечена академија по повод 80 години од основањето на Библиотеката „Кочо Рацин“ во Тетово
-

Франкфурт воведува евтино ноќно такси за жените
-

Малолетник починал откако со мопед удрил во бетонски столб
-

Софија со викенд зелена карта се справува со загадениот воздух
-

Отворен 25. Меморијален турнир во чест на загинатите бранители и припадници на полицијата во 2001 и 2015 година
-

Маглата го отежнува сообраќајот
-

ЈО: Обвинение за сообраќајка со смртни последици во Марино
