Министерството за правда на САД тврди дека поранешниот директор на ФБИ му се заканувал на Трамп

Министерството за правда на САД оцени дека поранешниот директор на Федералното истражно биро (ФБИ), Џејмс Коми, намерно објавил порака што можела да биде протолкувана како закана кон американскиот претседател Доналд Трамп, објави „Вашингтон пост“.
Според американското Министерство за правда, Коми со објавата соопштена преку социјалните мрежи сакал да го привлече вниманието на јавноста, меѓу другото и за да го зголеми интересот за неговиот претстоен роман.
Случајот се однесува на објавена фотографија од школки распоредени така што ги формирале броевите „86 47“. Бидејќи Трамп е 47-тиот претседател на САД, а изразот „86“ во американскиот сленг може да означува отстранување или ликвидација на некого, пораката предизвика силни реакции, по што поранешниот директор на ФБИ ја избриша објавата.
Коми, сепак, ги отфрли обвинувањата и негираше дека имал намера да упати закана кон Трамп. Тој наведе дека школките ги пронашол за време на прошетка и дека објавата не ја поставил лично, додавајќи дека не знаел оти комбинацијата од овие броеви би можела да се протолкува како закана.
Овој инцидент уследи откако „Дејли мејл“ објави дека првата дама на САД, Меланија Трамп, е загрижена поради можноста за обид за атентат врз нејзиниот сопруг. Во текстот се наведува дека самиот Доналд Трамп не ги споделува нејзините стравувања во врска со безбедноста, иако извор на британскиот весник оценил дека таквите закани претставуваат сериозна причина за загриженост во Белата куќа.
Ново на Сител
-

Македонските дипломати во Скопје ги прецизираат идните задачи на дипломатската мрежа
-

Брисел: Украина сама треба да одлучи кога ќе одржи избори, ЕУ е подготвена да помогне
-

Трамп потпиша меморандум за зголемување на комерцијални вселенски лансирања
-

Хрватската Влада забранува исклучување на електричната енергија за ранливите потрошувачи
-

Сончево и многу топло до 40 степени
-

Двајца мажи од струшко нелегално копале минерални суровини и ја загадиле водата во Струга
-

Вучиќ: Парламентарни избори на 18 или 25 октомври
-

Водата во Скопје е безбедна и со добар квалитет
