Министерството за здравство ја презема контролата врз лиценцирањето на стоматолозите поради сериозни пропусти и сомнежи за злоупотреби

Министерството за здравство од денеска ги презема надлежностите за лиценцирање на Стоматолошката комора, соопшти министерот за здравство Азир Алиу.
Тој на денешната прес-конференција информираше дека одземањето на надлежностите, односно на јавното овластување на Стоматолошката комора се се додека не се воспостави систем преку кој Комората ќе работи законито, транспарентно и професионални.
-Овој чекор не е казна. Ова е почеток на реформата, реформа што ќе врати довербата, ќе обезбеди интегритет и ќе гарантира дека секој стоматолог ја продолжува лиценцата со знаење и со вештини усогласени со најновите светски стандарди, појасни Алиу.
Според него, надзорот на документите на Стоматолошката комора покажале сериозни пропусти, односно едукации преку нерегистрирани здруженија и сертификати кои неправилно се користеле за продолжување на лиценците.
-Надзорите и документите покажаа сериозни пропусти како договори склучени ретроактивно спротивно на закон, одлуки и документи без потпис и со невалидна документација. Дополнително, игнорирање на привремената мерка и конечноста на одлука на Уставниот суд повеќе од една година, иако судот утврдил дека условите за стручно усовршување биле спротивни на законот, истакна Алиу.
Информираше дека има и сомнеж за финансиска злоупотреба.
- Имаме сериозни сомнежи за финансиски злоупотреби на Комората за кои финансиската полиција истражува, има прибавено обемна документација за која веруваме дека за брзо време ќе има епилог, нагласи Алиу.
Порача дека ова е директен удар врз една од петте столбови на неговата визија за здравството. И додаде дека Комората мора да има кредибилен законски и транспарентен систем за лиценцирање.
МИА
Ново на Сител
-

Уплатниците за казните од Сејф сити нема да се носат во станица
-

Тема на денот со Ангела Василевска, претседател на УСС на УКИМ
-

Војната на Блискиот Исток ќе им ги зголеми трошоците на компаниите
-

Еден пратеник едно државјанство - почна постапката за носење на законот за пратеници
-

Собранието го отвори патот за укинување на техничката влада
-

Билатерална средба на Мицкоски со австрискиот канцелар Штокер
-

Новиот граничен систем да не важи за Македонците кои летово ќе одат во Грција, бара туристичката комора
-

ДКСК јавно ќе ги објави функционерите кои и покрај изречени казни не поднеле анкетен лист
