Loading Video...
Ракомет
18. April 2022 - 20:01
Миркуловски и Стоилов со победа се простија од репрезентацијата
Македонската ракометна репрезентација избори и 8-мо учество на мундијалите но во иднина ќе мора да настапува без своите легедни Филип Миркуловски и Стојанче Стоилов кои сепак среќни поради победата против Чешка се простија од најмилиот дрес. Миркуловски одигра вкупно 96 меча и постигна 225 гола за националниот тим во кој првпат влезе 2003-тата година и по речиси 20 години репрезентативна кариера се повлекува на возраст од 38 години.
Збогум по средбата со Чешка кажа и Стојанче Стоилов кој за репрезентацијата игра од 2007-та година и за 15 години одигра 68 натпревари и постигна 143 натпревари.
-
Зоран Николовски
Сите содржини од овој новинар
-->
-->