Македонија
16. January 2026 - 14:49

Мисајловски: Безбедноста во државата е на највисоко ниво

Министерот за одбрана Владо Мисајловски, денеска, при посетата на касарната во Велес по повод свеченото давање заклетва на младите професионални војници, изјави дека државата е безбедна и покрај актуелните геополитички случувања во светот.

Одговарајќи на новинарско прашање за глобалните безбедносни предизвици и дали земјата може да се чувствува сигурно, Мисајловски истакна дека, иако постојат постојани геополитички бранувања и нови жаришта во одредени региони, безбедносната состојба во државата е стабилна.

- Да, апсолутно, државата е безбедна. Има постојано геополитички бранувања, но ние гледаме во нашиот дел. Ние сме дел од едно огромно семејство - НАТО, а веќе следниот месец ќе се одржи министерски состанок на алијансата, на кој детаљно ќе се разговара за актуелните случувања. И покрај новите жаришта и внатрешни случувања во одредени региони, можам да потенцирам дека безбедноста во државата е на највисоко ниво - оцени министерот Мисајловски.

 

МИА