Мисајловски: Безбедноста во државата е на највисоко ниво

Министерот за одбрана Владо Мисајловски, денеска, при посетата на касарната во Велес по повод свеченото давање заклетва на младите професионални војници, изјави дека државата е безбедна и покрај актуелните геополитички случувања во светот.
Одговарајќи на новинарско прашање за глобалните безбедносни предизвици и дали земјата може да се чувствува сигурно, Мисајловски истакна дека, иако постојат постојани геополитички бранувања и нови жаришта во одредени региони, безбедносната состојба во државата е стабилна.
- Да, апсолутно, државата е безбедна. Има постојано геополитички бранувања, но ние гледаме во нашиот дел. Ние сме дел од едно огромно семејство - НАТО, а веќе следниот месец ќе се одржи министерски состанок на алијансата, на кој детаљно ќе се разговара за актуелните случувања. И покрај новите жаришта и внатрешни случувања во одредени региони, можам да потенцирам дека безбедноста во државата е на највисоко ниво - оцени министерот Мисајловски.
МИА
Ново на Сител
-

Укината забраната за камиони на патниот правец Гостивар – Кичево преку Стража
-

Променливо облачно и студено време со повремени врнежи од снег
-

Во општините Гостивар, Маврово - Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа се одржуваат повторени избори за градоначалник
-

Македонските ракометари ремизираа со Швајцарија за второ место на „Жолтиот куп“
-

До 19.00 часот гласале 242 од пријавените 248 болни или немоќни лица во Гостивар, Врапчиште, Маврово - Ростуше и Центар Жупа
-

Платформата Икс го замени емоџито на иранското знаме со симбол на монархијата
-

Сите патни правци проодни, намалена видливост поради магла на патот Струмица - Валандово
-

Силувале и сликале малолетничка, па ја уценувале за 20.000 евра - Кумановското обвинителство покрена постапка против двајца осомничени
