Митева за Сител: Системот со карти за 8 Септември е поради безбедноста и за да нема огромни редици

Марија Митева, портпаролка на Владата, во гостување во „Тема на денот“ на Сител телевизија изјави дека системот за влез на прославата на 8 Септември е воведен поради безбедноста и за да се избегнат големи редици и метеж пред Градскиот стадион.
Посочи дека станува збор за голем организациски зафат, зад кој стојат голем број луѓе, а целта е централната прослава да биде достоинствен и, како што рече, величествен настан.
„Одлучивме да се направи еден систем кој не е за првпат измислен, туку постои при организирање на вакви големи настани. Да пробаме предвремено некако да ги анулираме сите недостатоци кои можеби би се појавиле во текот на денот“, рече Митева.
Таа додаде дека Владата ги следи реакциите во јавноста и очекува организаторите да најдат практично решение за граѓаните кои доаѓаат од другите градови, без тоа да им создаде дополнителни финансиски трошоци.
Граѓаните кои веќе обезбедиле билет за настанот треба да го заменат за алка на пунктовите во Градскиот парк најдоцна до понеделник, 7 септември. При замената задолжително е приложување документ за идентификација.
Според неа, централниот настан на 8 Септември ќе биде кулминација на активностите што во изминатиот период се одржуваа низ земјава по повод 35 години независност на Македонија.
Митева рече дека намерата на Владата била одбележувањето да не се сведе само на протоколарна прослава, туку граѓаните да бидат вклучени и да се зајакне чувството на припадност.
„Независноста не им припаѓа на институциите, ниту на Владата сама по себе, туку им припаѓа на граѓаните“, истакна Митева.
Ново на Сител
-

Радичевски со најмногу гласови на предвремените избори во Брвеница
-

Мицкоски: СДСМ во Брвеница е декласиран од граѓаните
-

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница
-

Локални избори во Брвеница: Радически води со 1.145 гласови, пред Хусеини со 618
-

Затворени гласачките места во Брвеница
-

ДИК: До 17 часот излезеноста во Брвеница 39,34 проценти, гласале 6.392 граѓани
-

Повторно иницидент на аеродромот во Лајпциг - пробиена заштитната ограда
-

Рама одбива да поднесе оставка, тврди дека зад протестите стојат надворешни сили
