Мизрахи: Разрешени девет директори во клиничките болници

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Рашела Мизрахи денеска изјави дека досега се разрешени девет од вкупно 14 економски директори во клиничките болници, а за разрешување на останатите пет се очекува Владата до Собранието да ги испрати Предлог-измените на Законот за здравствена заштита.
- Економските директори во клиниките беа воведени пред 17 години. Во 2006 година, скопскиот Клинички центар беше поделен на 32 клиники, со 56 директори и 142 члена на управни одбори, што се покажа како дисфункционално, неодржливо и скапо решение. Денес е десетти ден од формирањето на новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, а веќе предвидената мерка која беше и изборно ветување од програмата Платформа 1198 од страна 120, почна да се реализира, а гласи: Укинување на економските односно организационите директори на клиниките, а во цел укинување на дуализмот и лоцирање на одговорноста како и пренасочување на средствата за подобрување на здравствените услуги и инфраструктура и зголемување на транспарентноста и отчетноста, истакна Мизрахи.
Оваа мерка, оцени, ќе овозможи оптимизација на здравствениот систем, зајакнување на јавното здравство и подобрување на неговата функционална организација, преку елиминирање на врзаните потписи и сивата зона на одговорност во рамки на здравствените установи.
- Истовремено ќе се намалат непотребните и ќе се рационализираат административните трошоци преку пренасочување на средствата во сериозно потребната здравствена екипираност, континуирана едукација на кадрите и набавка на нова медицинска опрема. Ова ќе придонесе кон целосно подобрување на здравствената внатрешна и надворешна инфраструктура и здравствени услуги за сите граѓани. Здравствената нега е од витално значење за сите нас во одредено време, но јавното здравство е од витално значење за граѓаните во секое време, рече Мизрахи.
Ново на Сител
-

Туск по заканата на Медведев: Земјите од НАТО треба сериозно да ги сфатат руските провокации
-

Мицкоски од Нови Сад: Народот кој го чува својот јазик никогаш не останува без дом
-

19-годишен мотоциклист загина во сообраќајка во Скопје
-

Алиу: Законот ги штити децата и непушачите, усогласен е со сите засегнати страни
-

Километарски колони и доцнења на граничниот премин Евзони/ Богородица за влез во Грција
-

Влaдатa нajaви пoeвтинувањe нa дизeлoт за 6,5 денари
-

Аеродромот во Минхен затворен еден час поради пријавени нарушувања од пилоти, за кои имало сомнеж дека се предизвикани од дрон
-

Мицкоски: Предлог-законот за заштита од употреба на производи од тутун или сродни производи е компромисно решение на засегнатите
