Loading Video...
Кошарка
17. July 2022 - 17:56
Младите македонските кошаркарки завршија на 8.место во „Б“ дивизија на ЕП во Скопје
Женската младинска репрезентација на Македонија за кошаркарки до 20-години заврши на 8.место во „Б“ дивизијата на ЕП што се одржува во Скопје.
Нашите младинки попладнево во натпревар за пласман на 7.место на беа поразени од Норвешка со 45-77.
Така избраничките на селекторката Јелена Антиќ со само две победи и пет порази на крајот завршија како осмо рангирани.
Инаку за медалите ќе се борат. Турција и Црна Гора селекции кои ќе играат во финалето за златото, додека Словенија и Израел во мечот за 3.место ќе се борат за бронзата.
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->