ММФ: Војната во Иран ја поттикнува инфлацијата и ги загрозува синџирите на снабдување

Војната на Блискиот Исток има далекусежни последици за енергијата, трговијата, глобалните синџири на снабдување и финансиските пазари и претставува значителен товар за глобалната економија, соопшти денеска Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).
Во блог објава, ММФ го опиша конфликтот како „шок“ кој е „глобален, но асиметричен“ и кој дејствува главно преку три канали: цените на енергијата, трговијата и финансиските услови.
Нарушувањето на снабдувањето со енергија е особено сериозно, се додава во објавата.
„Војната исто така ги преобликува синџирите на снабдување за неенергетски и критични суровини“, напиша ММФ. Пренасочувањето на танкерите и контејнерските бродови ги зголемува трошоците за превоз и осигурување и ги продолжува роковите за испорака.
Откажувањето на летовите во главните центри во Заливот влијае на глобалниот туризам и ја компликува трговијата. Земјите, компаниите и потрошувачите веќе ги чуствуваат ефектите од овие проблеми во синџирот на снабдување, пренесе ДПА.
„Со нарушените пратки на ѓубрива – од кои околу една третина поминуваат низ Ормуската Теснина – загриженоста за цените на храната расте“, се вели во објавата. Резултатот е повисоки цени на ѓубривата и на другите меѓупроизводи.
По американските и израелските напади врз Иран кои почнаа на 28 февруари, Техеран одговори со напади врз Израел и американските сојузници во Заливот. Иранските сили, исто така, ефективно го запреа најголемиот дел од сообраќајот низ Ормуската Теснина, клучна поморска линија за глобалното снабдување со енергија.
Генерално, ММФ предупредува на раст на инфлацијата во светот и послаб економски раст. Колку ќе биде силно влијанието зависи од траењето, проширувањето и деструктивната сила на конфликтот. Но, едно е веќе јасно, велат тие: економските ризици се зголемуваат.
МИА
Ново на Сител
-

Пад на цените на нафтата по одлуката на Трамп за Русија
-

Во протестите во Тирана повредени 16 полицајци, нападнато седиште на социјалистите
-

Реал ја победи Севилја, Мбапе постигна два гола
-

МВР: Вонредните локални избори во Општина Брвеница завршија во најдобар ред, без ниту еден инцидент
-

Сончево со локална облачност, температурата до 23 степени
-

Брвеница ќе избира градоначалник во втор круг: Радичевски пред Јахиј во првиот
-

Радичевски со најмногу гласови на предвремените избори во Брвеница
-

Мицкоски: СДСМ во Брвеница е декласиран од граѓаните
