Многу топло и денеска, владините препораки за заштита ќе траат до вторник, пад на температурите од среда
Времето и денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност, а освежување се очекува од средината на следната седмица. Минималната температура денеска ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 32 до 40 степени.
За попладневните и вечерните часови денеска УХМР прогнозира локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, наместа во форма на краткотрајно невреме со засилен ветер и изолирана појава на град.
Во Скопје ќе биде сончево и многу топло, попладне со мала до умерена нестабилна облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне 40 степени.
Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, до вторник ќе се задржи многу топло време со дневна температура наместа и над 40 степени.
Топло време со натпросечни температури кои ќе достигнат и до 41 степен, се очекуваат од утре во следните денови, а за денеска попладне има најава за пороен дожд со грмежи и засилен ветер.
Во понеделник и вторник ќе има локална појава на нестабилност, ќе дува умерен, а во западните делови од државата засилен ветер од југозападен правец.
-Во среда и четврток ќе дува засилен северен ветер, кој ќе предизвика значително опаѓање на дневната температура, а претежно во северните делови во среда ќе има локални врнежи од дожд, соопшти УХМР.
Промената од среда ќе услови значителен пад на температурата така што во четврток и петок дневната температура ќе достигне 32 односно 33 степени.
Поради високите температури, од петокот е активирана фазата 3 од Акцискиот план за превенирање на последиците од топлотни бранови, а Владата донесе препораки за заштита на населението кои ќе траат до вторник, 8 јули.
Од работни обврски се ослободени бремени жени и лица постари од 60 години, но тоа не се однесува на вработени во критичната инфраструктура (здравство, полиција, армија, транспорт, енергетика, јавни комунални претпријатија.
Во препораките на Владата се и одложување на работниот процес од 11 до 17 часот за работници изложени на директна топлина; работа од далечина, флексибилно или двократно работно време, каде што е изводливо; обезбедување микроклиматски услови за работа односно простории со температура до 25 степени Целзиусови, освен таму каде природата на работниот процес налага поинаку.
Мерките предвидуваат во сите јавни установи, трговски центри, кина, хотели, аеродроми и јавниот превоз, уредите за климатизација да не смеат да се поставуваат на температура пониска од 27 сте
Препорачано е и активирање планови за вонредни услови и сите здравствени установи, установи за згрижување стари лица и образовни институции да постапат согласно интерните протоколи за кризна состојба.
-Мерките имаат цел да обезбедат континуирана и ефикасна заштита на здравјето на населението преку превентивно дејствување и соодветна институционална подготвеност, посочуваат од Министерството за здравство и додаваат дека заедно со сите надлежни институции ќе продолжат со редовно информирање и спроведување на мерките, со цел заштита на здравјето на граѓаните.
Ново на Сител
-
За осум часа 155 сообраќајни прекршоци во Скопје, 51 санкција за возачи на мотоцикл
-
Најниско задоволство од цените во мобилната телефонија, една третина не ги читаат договорите
-
Далај Лама го прославува 90. роденден
-
Зголемена фреквенција на возила, на ГП „Табановце“ за влез во државата се чека околу половина час
-
Мицкоски: Многу сме поподготвени за справување со пожари од порано, ставени се во употреба 38 возила
-
Муцунски: Владините политики за извоз даваат резултати, раст од 23,44 проценти во мај
-
На преминот Ќафасан уапсен жител на Кичево баран со меѓународна потерница
-
Промоција на противпожарни возила во Криволак