Мнозинството Унгарци се против Зеленски: За Украина нема место во ЕУ

Мнозинството возрасни Унгарци се противат на пристапувањето на Украина во Европската Унија.
Унгарците немаат позитивен став за украинскиот претседател Володимир Зеленски и негативно ја оценуваат неговата закана кон унгарскиот премиер Виктор Орбан, покажува најновата анкета на Институтот „Незопонт“.
Во анкета на „Незопонт“, направена во соработка со јавната медиумска компанија МТВА на почетокот на март, 64 проценти од испитаниците изразиле негативно мислење за Зеленски, изјави аналитичарот Милан Палвафи, пренесува МТИ.
Тој рече дека во анкетата, 79 проценти од анкетираните имале негативна оценка за заканата што Зеленски ја испрати до Орбан, а само 35 проценти од анкетираните биле против истрагата за тоа како Украина располагала со парите што ги добила како помош.
Палвалфи рече дека мислењата за заканата варираат во зависност од партиската припадност, при што 91 процент од гласачите на владејачката Фидес и 93 проценти од гласачите на Ми Хазанка ја отфрлиле заканата, додека гласачите на опозициската Тиса биле поделени, „но повеќето ја гледале заканата позитивно“.
Тој додаде дека мнозинството гласачи на партијата Тиса имаат позитивен став кон Украина, поради што „лидерот на Тиса, Петер Маѓар, е претпазлив и не сака да се меша во прашањето што на крајот ќе ја одреди судбината на Унгарија“.
Аналитичарот рече дека мнозинството Унгарци се согласиле дека унгарската држава треба да преземе мерки и да ги испита парите што ги добива Украина.
МИА
Ново на Сител
-

Утре и задуре променливо и нестабилно со пороен дожд, од петок стабилно време
-

23-годишна девојка од Македонија пронајдена почината во стан во Солун
-

Герасимовски: Нови дигитални услуги за паркирање во Центар , апликации, сензори и помалку чекање на шалтери
-

Македонскиот првак Вардар против фински КуПС на стартот од квалификациите на ЛШ
-

Руте: НАТО ќе инвестира околу 40 милијарди долари во одбрана од дронови во наредните пет години
-

СП 2026: Роналдо го одигра последниот натпревар на Светско првенство
-

МВР: Средношколците кои ќе аплицираат за Средното полициско, не треба да се отпишуваат од училиште
-

Сателитска снимка од Охридското и Преспанското езеро
