МНРиНТ: Со лет од Дубаи денеска евакуирани 150 патници, од кои 125 македонски државјани, утре лет од Ријад

Со лет од Дубаи денеска евакуирани се 150 патници, од кои 125 македонски државјани, 11 државјани на Косово, 7 на Србија, по двајца државјани на Босна и Херцеговина и на Албанија и по еден државјанин на Германија, Ерменија и на Црна Гора, информира Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.
Авионот од Дубаи се очекува да слета на Меѓународниот аеродром Скопје околу 20:00 часот по локално време.
Во Обединетите Арапски Емирати остануваат околу 200 македонски државјани кои, како што велат од МНРиНТ, првично се пријавиле за евакуација, но според нивните изјави во овој момент не изразуваат подготвеност да ја реализираат.
За евакуацијата од Ријад, која е планирана за утре, досега пријавени се 153 патници кои ќе полетаат од Riyadh – King Khaled International Airport. Од нив, 96 од Катар, 33 од Кувајт, 15 од Бахреин и 9 од Саудиска Арабија.
-Имајќи предвид дека нашата земја нема склучено договор за воздушен сообраќај со Кралството Саудиска Арабија, предвидено е авионот да слета на аеродромот во Приштина, по што ќе биде организиран превоз за патниците до Скопје, најави МНРиНТ.
Како што напоменуваат, целата организација на летовите, вклучително и сите поврзани трошоци, е покриена од страна на Владата преку Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски вчера информираше дека во тек е координиран процес на евакуација на македонските државјани од повеќе земји на Блискиот Исток, кој, како што рече, се очекува да биде финализиран до крајот на оваа недела.
- Од првиот момент на ескалацијата на безбедносната криза е воспоставен кризен механизам преку Министерството и дипломатско-конзуларните претставништва, рече Муцунски.
МИА
Ново на Сител
-

Иран ги осуди американските напади врз јужниот брег и го обвини Вашингтон за кршење на мировниот договор
-

Тошковски: Македонија има најниско ниво на криминалитет во последните 20 години
-

СП 2026: Познати 22 од 32 учесника во плејофот
-

Јута прогласи вонредна состојба поради шумските пожари и воведе ограничувања за огномети | ВИДЕО
-

Тошковски: Од првиот ден ja презедовме обврската безбедноста да биде највисок приоритет
-

СП 2026: Белгија го победи Нов Зеланд и се пласираше во плејофот како победник во групата
-

СП2026: Франција ја освои групата, Сенегал остана во игра за нокаут фазата
-

Усик се откажа од сите шампионски појаси, но не ја завршува кариерата
