-->
-->
Мобилните телефони исчезнуваат за 5 години, еве што ќе ги замени!
-->

Паметните телефони, кои денес се дел од секого за кратко време ќе бидат заменети со нов облик на уреди за комуникација, покажува истражување на јавно мислење, пренесуваат австриските медиуми.
Потрошувачите очекуваат дека паметните телефони наскоро, односно за 5 години ќе исчезнат, покажува истражувањето кое е спорведено од Ericsson.
Ерата на паметните телефони може да биде завршена во наредните пет години, а се претпоставува дека ќе дојде ера на сосема други електронски уреди.
Ericsson трга од тоа дека паметните телефони ќе ги заменат уреди кои луѓето ќе можат да ги носат на себе а ќе располагаат со вештачка интелигенција.
Тоа би биле уреди кои делумно би можеле да помогнат и заменат, лекари, професори, финансиски советници итн.
- Паметните телефони не се практични, на пример додека возиме. Поради тоа потрошувачите сметаат дека паметните телефони за пет години ќе бидат минато - ремизирала Ребека Цедеринг Ангстрем.
Пет години е краток период, но како што врмето поминува, работите брзо се менуваат но и побрзо се реализираат тргнувајќи од идеја до масовна продукција.
Ericsson не знае како технологијата ќе изгледа после паметните телефони, но претпоставува дека се работи за тродимензионална примена.
- Потрошувачите би можеле нови обувки да пробаат виртуелно, да видат како би им стоеле - навела Ребека Цедеринг.
Ericsson очекува дека во блиска иднина ќе се појават нови категории на производи и дека целата индустрија ќе биде трансформирана за да се прилагоди на тој развој.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Сообраќајка ноќеска на скопска обиколница, камион преминал во спротивна лента, четири лица загинаа
-

Свеченост на УКИМ за 77 години од основањето и патрониот празник- 24 мај
-

Американските конгресмени повторно предлагаат трајно воведување на летното сметање на времето
-

Меморандум за модернизација на зоолошките градини во Скопје и Битола
-

Трамп најави испраќање на уште 5.000 американски војници во Полска
-

Четири лица загинаа при руски напади со разорни касетни бомби во Доњецк
-

Студентите во блокада во Србија утре со нов протест во Белград, Вучиќ најавува избори наесен
-

Нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер
