Момировиќ: Отворен Балкан дава резултати, пример е преминот Прешево-Табановце
Министерот за трговија на Србија, Томислав Момировиќ, денеска на Регионалната конференција „Развој на нови пазари и привлекување нови клиенти и деловни можности“, во организација на Д.Р. Гилберт центар и Словенечкиот бизнис клуб, изјави дека регионалната иницијатива Отворен Балкан има за цел да создаде единствен регионален пазар и затоа мора да се продолжи со укинување на непотребните гранични процедури, бидејќи само така може да се генерираат повеќе инвестиции, да се забрза и зголеми протокот на луѓе и стоки и да се подигне стандардот на сите граѓани во регионот.
Како што јави дописникот на МИА од Белград, Момировиќ правејќи паралела за долгото чекање на граничните премини на Србија, особено оние кон ЕУ, посочи дека позитивен пример е намаленото чекање на преминот Прешево-Табановце, благодарејќи на Отворен Балкан.
– Според податоците во средината на мај, на граничниот премин Хоргош на влез во Србија камионите чекале 30 минути во колона од седум камиони, додека на излезот од Србија се чекало од девет до 11 часа со колона камиони долга три километри. На граничниот премин Батровци, на влез во Србија, се чекало шест часа, додека на излез камионите чекаа од 16 до 18 часа, со колона долга повеќе од пет километри, изјави Момировиќ
Според овие податоци камионите од ЕУ полесно влегуваат во Србија, а од друга страна граничните органи на земјите членки на ЕУ имаат многу покомплицирани процедури, имајќи предвид дека се работи за надворешна граница на ЕУ и засилени контроли.
– Колку иницијативата Отворен Балкан веќе дава позитивни резултати може да се види на примерот на граничниот премин Прешево, каде времето на чекање од двете страни е идентично, до 30 минути, а колоната не е поголема од седум камиони, бидејќи е воспоставено интегрирано управување со границата со Северна Македонија, рече Момировиќ.
Тој додаде дека е постигнат напредок во решавањето на долгогодишните нецарински бариери и бариери кои довеле до олеснување на трговската размена во регионот, пред сè во областа на увозот и извозот на прехранбени производи.
– Во некои случаи, времето за извоз-увоз на прехранбени производи е намалено и до 50 отсто, а директните трошоци за такси се намалени и до 80 отсто, што резултираше со зголемување на обемот на трговската размена во регионот на Отворен Балкан за речиси 30 проценти, заклучи Момировиќ.
Ново на Сител
-
Изречени 86 мерки за сообраќајни прекршоци во Кичево
-
Во мирување одлуката за штрајк на контролорите на летање
-
Без струја дел од корисниците во Бутел, Аеродром и Чучер Сандево, без вода во Кисела Вода и Центар
-
Голем пожар на Тасос, туристите се евакуираат
-
ДЗР: Државниот буџет бил доминантен извор за финансирање на изборните кампањи за Парламентарните избори 2024 година
-
Едно лица смртно настрада во сообраќајка во близина на Охрид
-
Тим од четата за атомско биолошка и хемиска одбрана на Армијата собира податоци за воздухот во Визбегово
-
Објавен повик за бројот 116 000 за повикувачки центар за исчезнати деца