МОН: Честит Меѓународен ден на образованието

Министерство за образование и наука (МОН) преку пишано соопштение до медиумите го честита 24 Јануари, Меѓународниот ден на образованието, потсетувајќи дека образованието е основно човеково право и дека се стремат што повеќе деца и млади тоа да го остварат на најдобар можен начин.
Порачува дека образованието е еден од врвните приоритети на Владата.
-Без квалитетно образование не можеме како општество да се развиваме и како држава да јакнеме. Затоа ги зголемуваме средствата кои ги вложуваме во нови училишта и спортски сали, во опрема и технички помагала, во дигитализација и можности за искористување на современи технологии во наставата, се вели во соопштението од МОН.
Магијата навистина е во знаењето, се додава, посебно во време кога се зголемуваат глобалните предизвици. Најдобриот одговор е да се свртиме кон образованието и да укажеме дека секој може да придонесе тоа да биде поквалитетно, било како наставник, родител, општествено одговорна компанија или невладина организација.
-Со најголеми буџетски ресурси досега, Министерството за образование и наука е насочено кон развој на современи наставни програми, унапредување на инклузијата во основното и средното образование и воведување нови, поправични формули за финансирање на училиштата. Продолжувањето на времето поминато во училиште со целни активности, не само што ги подобрува образовните резултати туку влијае и на целокупниот развој на учениците. Наставниот кадар има сигурност, добива повисоки плати и има можности за професионален и кариерен развој како никогаш досега, се нагласува во соопштението.
МИА
Ново на Сител
-

Најстудено во Берово, највисока снежна покривка на Попова Шапка
-

СДСМ го одржува 31. Конгрес
-

Снежна бура во делови од Тексас, Оклахома и Канзас и на источниот брег на САД
-

Магла со видливост од 30 до 150 метри на повеќе патни правци
-

НАТО планира значително да го зголеми оружјето и муницијата на своето источно крило
-

Заврши првата рунда преговори меѓу Украина и Русија со посредство на САД во Абу Даби
-

Утринска магла, а потоа повремен дожд и снег
-

„Безбеден град“ стартува на 1 февруари, Тошковски ги обвини СДСМ и ДУИ дека ги ставиле партиските калкулации над човечките животи
