МОН: Демографските промени бараат оптимизација на училишната мрежа и мобилност на наставниот кадар за поквалитетно образование

Демографските промени имаат директно и длабоко влијание врз образованието. Изминативе две децении Македонија се соочува со намалување на стапката на наталитет, иселување, стареење на населението и изразени регионални нерамномерности. Тоа резултираше со намалување на бројот на ученици и неадекватен сооднос со бројот на наставници. Дополнително, две третини од сите училишни објекти се подрачни училишта, но во нив учат само 12 проценти од вкупниот број ученици, рече Елена Ивановска, државен секретар во Министерство за образование и наука, на панел-дискусијата на тема „Политики кои ги охрабруваат луѓето“, во рамки на Регионалната министерска конференција за демографска отпорност.
Демографските промени се во основа на оптимизацијата на училишната мрежа, што треба да обезбеди подобро и поправично користење на ресурсите, со јасна цел: квалитетна настава според стандарди, со соодветен наставен кадар, простор и опрема за секое дете, без разлика каде живее, се наведува во соопштението на МОН, кое МИА го пренесува интегрално.
Ивановска објасни дека во руралните средини, во околу 100 училишни објекти учат помалку од пет деца. Во такви услови, квалитетот на наставата, социјализацијата и пристапот до услуги се сериозно ограничени.
За да се подобри оваа состојба, Министерството за образование и наука презема низа стратешки активности за усогласување на училишната мрежа, истовремено зајакнувајќи ги резултатите од учењето, правичноста и долгорочната одржливост. Во фокусот на овој одговор е сеопфатна реформска агенда која направи промена на моделот за финансирање на образованието, со цел подобро усогласување на финансирањето со демографските трендови.
-Институционалниот одговор става силен акцент на подобро планирање на потребите, мобилност на наставниот кадар, доквалификација и преквалификација и користење на природниот одлив преку пензионирање, наместо нагли и непланирани решенија. Овие елементи се клучни за да се обезбеди дека прилагодувањето на човечките ресурси ќе го поддржи квалитетот на образованието и стабилноста на системот, наместо да ги загрозува, посочи Ивановска.
Едносменската настава, продолжувањето на училишниот ден и развојот на воннаставни активности, како и туторска поддршка за учениците со пониски постигања и образовната асистенција за децата со попреченост, целат кон подобри знаења и вештини кај учениците, и со тоа јакнење на човечкиот капитал, што е суштински одговор на демографските предизвици.
Ивановска укажа на уште една клучна потреба: проширување на опфатот во предучилишното образование, кое денес изнесува околу 42 отсто, додека националната и европската цел е 96 отсто.
-Поради тоа, се разгледуваат можности за преквалификација и прераспоредување на дел од наставниот кадар од основното образование во раното детско образование, каде што потребите се најголеми, а повратот на инвестициите е највисок. На овој начин, демографските предизвици не се третираат како закана, туку како можност за попаметно планирање, подобро користење на ресурсите и инвестиции во најраната и најисплатлива фаза од човечкиот развој, рече Ивановска.
Оптимизацијата на училишната мрежа, паметната кадровска политика и квалитетното образование, за Министерството за образование и наука не се технички реформи, туку темел за општество засновано врз знаење и иновации
Ново на Сител
-

Приведени осум возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“
-

Маск: На секое дете во Америка ќе му подарам по една акција од SpaceX – подарок вреден 10 милијарди долари
-

Мицкоски: Цените на храната и пијалоците во Македонија се меѓу најниските во регионот, потврди Евростат
-

Заврши петтото издание на „Wine Vision by Open Balkan“: Белград три дена во знакот на виното, ракијата и гастрономијата
-

Дизелот поскапува, бензините поевтинуваат – нови цени на горивата од полноќ
-

Во Албанија продолжуваат протестите, ЕУ бара одговорност
-

Пријави за поставени бомби во повеќе белградски училишта и два други града во Србија
-

Спасено мече во Велешко: Се фатило во нелегално поставена сајла, по интервенцијата пуштено во природа
