МОН: Ја јакнеме инклузијата со влезот во Европската агенција за посебни потреби и инклузивно образование

Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска се сретна со Жоао Коста, директор на Европската агенција за посебни потреби и инклузивно образование (EASNIE), и со Рута Сваринскаите, кои деновиве се во посета на нашата земја.
Како што информира МОН, Јаневска истакна дека размената на искуства и позитивни практики со земјите од Европа и светот ни е од голема важност во оваа насока и затоа се радуваме што стануваме земја членка на Европската агенција за посебни потреби и инклузивно образование (EASNIE).
- Постојано работиме на подигнување на инклузивноста на образовниот систем затоа што секое дете мора да има еднаков пристап до квалитетно образование и да добие шанса за достигнување на својот полн потенцијал независно на комплексноста на посебните образовни потреби. Имаме што да споделиме бидејќи, особено во изминатите неколку години, направени се крупни чекори напред во градењето инклузивно општество, но како земја во развој ќе продолжиме и внимателно да ги следиме трендовите што ги наметнуваат развиените земји - нагласи Јаневска на средбата.
Европската агенција за посебни потреби и инклузивно образование е независна организација, која дејствува како платформа за соработка меѓу земјите членки со цел обезбедување поинклузивни образовни системи. Агенцијата е единственото европско тело, кое е финансирано од своите земји членки со конкретна мисија да им помогне да ги унапредат квалитетот и ефикасноста на инклузивното образование за сите ученици, односно EASNIE е кофинансирана од министерствата за образование во земјите членки и од Европската комисија преку оперативен грант преку „Еразмус+“.
МИА
Ново на Сител
-

Утрово најстудено во Берово и на Попова Шапка
-

Парламентарни избори во Словенија
-

Прекината наставата во училиштата во Израел, се преминува на онлајн настава
-

Неколку експлозии во Ерусалим по предупредувањето за ракети испукани од Иран
-

Иран му одговори на Трамп со најава за напад врз постројките за десалинизација во регионот
-

АХВ не дозволи влез на 50 тони небезбедна храна на македонскиот пазар
-

Трамп му се закани на Иран со напади врз електраните ако блокадата на Ормуската Теснина не се укине во рок од 48 часа
-

Владата на седница ќе донесе мерки за ублажување на ценовниот скок на горивата
