МОН: На електронската адреса за пријавување насилство стигнаа 10-тина пораки
Министерството за образование и наука информира дека на eлектронската адреса prijavinasilstvo@mon.gov.mk и paraqitdhune@mon.gov.mk на албански јазик изминатите два дена пристигнале 10-тина пораки. Дел од нив се однесуваат на врсничко насилство, а има и од поранешни професори, со сугестии како да се превенира и намали насилството меѓу децата и младите од училишна возраст.
- Со отворањето на електронската адреса, Министерството за образование и наука воспоставува брз, доверлив и безбеден начин, преку кој учениците, родителите и граѓаните можат да пријават инциденти, како дел од системот за идентификување и запирање на непосакуваните однесувања. Секоја пријава ќе се истражи и ќе се преземат соодветни мерки, соопштија од МОН.
Училиштата, се подвлекува во соопштението, мора да бидат безбедна средина каде ќе се одвива воспитно-образовниот процес. Затоа, Министерството за образование и наука ќе и предложи на Владата итна проценка на состојбите и безбедносните ризици, со цел намалување на сите можни ризици и закани за безбедноста на учениците и наставниците во училишна средина.
Министерството веќе изработува протоколи и насоки за стручните служби на училиштата и наставниците, поврзани со употребата на социјалните мрежи во училишна средина.
- Во консултација со експертската заедница, дополнително ќе ги зајакнеме превентивните програми за борба против булингот, промовирајќи дијалог и ненасилство како клучни елементи во образованието и развојот на децата и младите. За да успееме во активностите за заштита и правилен развој на нашата младина, ги повикуваме и родителите да земат активно учество, воспитувајќи ги своите деца на толеранција, ненасилство како и почитување и разбирање за различните од себе. Само со заеднички напори на сите чинители во воспитувањето и образувањето на децата можеме да се избориме за здрава младина и безбедни училишта, соопштија од Министерство за образование и наука.
Ново на Сител
-

Јаневска: Честитки за успешно завршената учебна година, да продолжиме заедно да ги спроведуваме промените за поквалитетно образование
-

Белата куќа ги брани забраните за влез на дел од учесниците на Светското првенство во фудбал 2026
-

Поранешен командант на талибанците осуден во САД на 42 години затвор
-

Аргентина го победи Исланд, Меси постигна гол
-

Пилот на Ер Канада со години управувал авиони со фалсификувана лиценца
-

ЕУ: Мај 2026 година беше вториот најтопол месец мај во историјата на мерењата
-

СП 2026: Во Мексико 117.000 луѓе поминале обука за добредојде на туристите
-

Приведени пет турски државјани во Скопје поради нерегулиран престој
